
Дури 90% од пастите за заби независно тестирани во лабораторија во САД содржеле олово. Од вкупно 51 тестирана паста, вклучувајќи и „зелени“ и наменети за деца, 65% содржеле арсен, нешто помалку од половината жива, а во една третина е откриен кадмиум.
Концентрацијата на тешките метали не ги надминале границите поставени од федералните власти, но сепак при секое миење заби се внесуваат опасни токсини во телото.
Оловото може да предизвика когнитивни оштетувања кај деца, ги оштетува бубрезите и предизвикува срцеви заболувања. Оловото, живата, кадмиумот и арсенот се канцерогени.
Тоа е несовесно, особено во 2025 година. А тоа што навистина е интересно е дека никој не го сметал ова за загрижувачко, вели Тамара Рубин, основач на организацијата Lead Safe Mama, која го спровела независното тестирање.
Рубин открила дека состојки контаминирани со олово биле додадени во пасти за заби пред 12 години, кога работела со деца во чија крв била откриена висока концентрација на метали. Заеднички фактор кај овие деца бил користењето ист тип паста за заби, која содржела олово.
Рубин вели дека ниту еден од производителите на пастите за заби опфатени со тестирањето не ѝ одговорил дека ќе се посвети на отстранување на оловото. Некои се оправдувале дека траги од олово има насекаде во околината и дека е невозможно да се избегне.
Сојузниот закон за безбедност на храна за бебиња од 2024 година, чие усвојување е заглавено во Конгресот, предвидува ограничување на концентрацијата на олово во храната за деца од 10 честички на милијарда (ппб). Со законот не се регулирани пастите за заби. Сите тестирани пасти ги надминале праговите за олово во храната.
Потенцијално контаминирачки се и други состојки додадени во пастите, како хидроксиапатит и бентонит глина. Пастите со највисока концентрација на токсини содржеле бетонит.