Вести

Закерберг искешира 18 милијарди долари

Одлуката на Мета да се согласи на спогодба вредна 18 милијарди долари ги изненади и правните експерти и технолошката индустрија. Се очекуваше долга судска конфронтација меѓу 29 американски федерални држави и еден од најмоќните технолошки гиганти во светот, но Закерберг реши да се фати за џеб, само неколку дена пред да треба да сведочи.

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Само два најавени центри за податоци во Велика Британија, во атмосферата ќе испуштаат повеќе емисии јаглерод диоксид отколку ЕксонМобил и нивните фосилни горива. На ред за приклучување во мрежата чекаат 315 центри но нема струја која ќе може да ги задоволи бидејќи бараат дупло повеќе од целата зимска потрошувачка на Велика Британија. И во Америка луѓето се против. 

Кога не можеш по Кина, ќе удриш по Канада

Стратегијата е вештина на избирање приоритети, но Трамп изгледа како тоа да го прави со фрлање петка-глава. Кинезите доминираат во светското производство, лидери се во електроника и автомобилска индустрија, ги држат ретките минерали... ама Трамп реши да се скара со Канада. Oколу иверката. А и кај иверката, доминира  - Кина. 

Речник

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Националниот долг на САД надмина рекордни 40 билиони долари. Ова е дно во историјата на фискалното здравје на државата. Должничкиот товар на Америка расте побрзо од проценките пред само неколку години. Но, можеби ќе решат да го враќаат со по една милијарда секој ден. Ако е така, еден век ќе им биде малку.  

Американци се мислат дали да продолжат да јадат марула

Еден бауч кружи над Соединетите Американски Држави. Баучот на експлозивната дијареа. Се работи за епидемија со рекордни размери кои сè уште не се прецизно дефинирани но виновникот е циклопора, паразит што се шири преку човечки измет а на трпезата најчесто стигнува преку зелената салата. А кога ќе се види нејзиниот состав, испаѓа дека таа главно е средство да се префрли вода, од нива до маса.

Мосад сам себе си го убил имиџот

Иако продолжува со реториката за потребата од создавање услови за пад на Исламската Република, во момент на ретка скромност Бенјамин Нетанјаху призна дека тоа „нема да се случи во еден ден“. Неговиот највреден адут, таинствениот Мосад кој досега важеше за семоќен, утна толку со Иран што ниедно предвидување на агенцијата не се оствари.  

Вистината за девојката што се бори против ИСИС

Прв пат ја споменува еден шведски новинар во август додека е сместен во Кобане, пред битките со ИСИС. Ја викаат Рехана, иако ова веројатно не е нејзиното родено име. Прекарот и е Ангелот од Кобане, затоа што наводно во битката за градот убила 100 борци на ИСИС. Од ИСИС на два пати ја прогласуваа за мртва.

Новата њујоршка шик пијачка: Кафе во бабура

Ако овој последен фенси трик дојде и кај нас (а која глупост не дошла?) ете можност со пиење кафе да се помогне македонско земјоделство. А и ќе ни биде голем ќеиф кога ќе ги гледаме домашните помодари како ги личи да шмркаат од тоа бабурата.

Порно универзумот на Снапчат е комплетен

Компанијата која се прослави со апликацијата за инстантно испраќање на голишави фотографии, на еден или колку сакаш луѓе, сега ја дополни истата апликација со опција за инстантно испраќање пари преку неа. Ви текнува?

Шазам како музички сеизмограф

Народот и натаму ќе го користи Шазам за идентификување непознати (или: "не ми текнува а ја знам") песни но музичките бизнисмени во апликацијата видоа феноменална прилика да откријат хит пред тој да стане хит.

Човекот што остави милиони за да стане земјоделец

Човекот е НФЛ играч, кој едноставно го откажа својот 37 милиони долари вреден договор, купи трактор и нива, и почна да сади. Нит беше повреден кога го направи ова, ниту на тешки дроги.

Колку пари е да отвориш МекДоналдс ресторан

Да почнеме од медот, пресметките се за американски пазар и според нив просечниот МекДоналдс ресторан генерира 2,5 милиони долари продажба годишно. Сега за трошоците.

Како Дизни го цеди Снежното кралство

Од минатиот до овој ноември Дизни продаде 3 милиони фустани копии на оние што ги носеа двете принцези во Снежното кралство (Frozen), случајно, ова отприлика е еднакво на бројот на 4-годишни девојчиња во Северна Америка. Во јануари Дизни ќе пушти и венчаници на оваа тема (за многу постари девојчиња) кои ќе чинат околу 1.200 долари.

Холандското село каде сите имаат деменција

Интересен здравствено - социјален проект во Холандија: дом за стари лица во стилот на „Шоуто на Труман".

Бабина тајна

Васо Лекиќ го продаде својот бизнис. Бабина тајна, бизнисот на Лекиќ, е еден од ретките познати и ценети брендови кои настанале во Србија во последните години. Крволочните таблоиди и јавноста речиси го предвидеа, забавени од новите злокобни атентати и митинзи, еден од клучните економски настани на годината.

Епл само што го позлати Самсунг

Откако неколку години флертуваше со други производители (Тајван Семикондуктор Мануфактуринг), годинава Епл легна на брашното и потпиша договор според кој од 2016-та Самсунг ќе ги произведува чиповите за сите идни Ајфони и Ајпади. До сега Самсунг сериозно крвавеше заради заминувањето на Епл.

Една добра и една лоша вест во врска со Македонија

Добрата вест е што Дејвид Камерон (да, тој што е британски премиер) НЕДВОСМИСЛЕНО ја подржува Македонија под уставното име и е БЕЗРЕЗЕРВНО за нејзино влегување во НАТО. Која е лошата вест?

Не важно што работи жена, важно е што носи

После години и години добивање писма и коментари од гледачите, во кои генерално него го критикуваат (добро или лошо) за работата, а ко-водителката за изгледот и тоа што го носи, еден од најпопуларните австралиски водители реши цела година да прави експеримент пред цела публика. Експериментот заврши баш како што тој мислеше.

Поезијата на кинеските самоубијци

Во неколку неодамнешни самоубиства во Кина, жртвите зад себе наместо проштално писмо оставаа поеми за збогување. Не текстот од омилената песна, туку поеми што сами ги напишале.

Богатите и побогатите

Најбогатиот 1% од најбогатиот 1% во САД го сочинуваат околу 16.000 семејства со богатство од најмалку 111 милиони долари. Тие поседуваат околу 11% од вкупното богатство на САД и не се срамат да ги трошат парите.

Од што умираме

Пред 100 години никој не ни помислувал дека некој може да умре само затоа што веќе не сакал да живее, денес самоубиството е меѓу ТОП 10 причини за смрт. Речиси сите останати основи по кои умираме денес се изменети во однос на 1900-та.

Идиоти, сме го изеле чоколадото!

Не постои лесен начин ова да се соопшти, но, ако не намалиме од вистинското темно чоколадо, бело ни се пишува.

НАТО крај булките

Сите овие 12 години минати во Авганистан еден од главните столбови на НАТО во стратегијата против Талибанците, беше уништување на трговијата со дрога и одгледувањето афион. Во 2014-та опиум економијата на земјата и трговијата со дрога постигнаа историски рекорд.

Како изгледа да избегаш од Северна Кореја

Просечниот севернокореец знае дека ситуацијата во Северна Кореја е не е добра. Споредено со времето на јапонскиот колонијализам и Корејската војна, работите сега се полоши. Еден пример што ми текнува е дека во времето на јапонскиот колонијализам севернокорејците ја јадеа кората од боровите, сега веќе ни тоа го нема за јадење.

Грчките нео-нацисти се бетер од што ги мислите

Колеле овци за да се навежбаат со нож, учеле како се погодува вратна жила на противникот. Па тренирале како со тенкови се освојува Парламентот, за оттаму да ја оправаат државата. СС униформи, перење пари, силување, убиство....

Зошто Бијонсе има твитнато само 8 пати?

Затоа што девојката има нешто што се вика "дигитал менаџер" па така процениле дека треба.

Геј, алкохол и Катар 2022-ра

Запрашан за тоа како геј фановите ќе бидат пречекани во 2022-ра, министерот спорт на Катар, одговорил: "Тоа ти е исто прашање како и алкохолот." Ако не ви е јасно, што се однесува до алкохолот, во Катар нема да има многу алкохол.

Кристоф Волц во "Бонд 24"

Негативецот на Тарантино стана дел од екипата за следниот Бонд, во кој ќе има "значителна улога" ама "ама не е веднаш јасно дали ќе биде пријател, непријател, или малку од двете," изјавил човек запознат со сценариото.

Кога сè тргна погрешно и кои лекции не се научија?

"Денешната меѓународна заедница се учеше на крвавиот распад на Југославија", пишува еден дански аналитичар. "И не се научи многу", констатира Јан Оберг набројувајќи од кои сè моменти од тој распад, НАТО и Запад не извлекоа никакви поуки.

Кругот на Путин

Во март, САД ја ставаат Банка Русија на списокот за санкции. Инспирирани од ова Русите прво трансакциите од пазарот за струја ги префрлија да одат преку оваа банка (околу 2% БДП-то), а потоа истото го направија повеќе државни корпорации, локални власти, па дури и Црноморската флота во Крим. Русите намерно префрлија дузина вносни сметки во малата банка, ама и Американците не ја одбраа случајно баш неа.