Снимањето на Бонд 24 започнува следниот месец, а според истиот извор Волц ќе игра карактер кој е "екстремно подмолен." Даниел Крег веќе се има сретнато со Волц, исто како и продуцентите на филмот.
Останатите членови на екипата, меѓу кои Ралф Фајнс, Наоми Харис, Бен Вишоу и Рори Киниар, за помалку од три недели треба да се сретнат за читање сценарио. Режисер повторно ќе биде Сем Мендез.
Филмот ќе се слика на локации во Мексико, Австрија, Мароко, Италија и Лондон.