Објаснувањето на министерот Салах бин Ганем бин Насер ал-Али е дека Катар не сака да "создаде впечаток, илузија дека не се грижиме за нашата традиција и нашите етички вредност... Ние ги изучуваме сите овие прашања. Може да се адаптираме, може да бидеме креативни и да имаме луѓе што доаѓаат и уживаат во игрите без да ја изгубиме суштината на нашата култура а притоа да ги почитуваме преференциите на луѓето кои доаѓаат тука. Мислам дека има многу што може да направиме."
Референцата на алкохолот е дека најверојатно на стадионите нема да може да се купува пиво или каков било алкохол, меѓутоа "во хотелите и многу други области имаме алкохол, ама исто така имаме и наш систем кој луѓето треба да го почитуваат."
"Прво, тој ги изедначува еднаквите права на ЛГБТ популацијата со продавање пиво. И не сум сигурен дека можат да се најдат 'креативни решенија' за геј луѓето да избегнат 'минимизирање' на катарската традиција за дискриминација против геј популацијата," пишува Џим Бузински за СБ Нејшн.