Изјавите се од Канг Чол-хван кој има 10-годишен стаж како политички затвореник во еден од камповите во Северна Кореја. Тој бега од земјата во 1992-ра и од тогаш работи како хуманитарец за човекови права. Тој објаснува дека "барем во времето на јапонскиот колонијален период, луѓето можеле слободно да патуваат и да тргуваат. Сега тоа е речиси невозможно. Методите да измачување стануваат уште посурови од времето на колонијализацијата и луѓето продолжуваат да ја споредуваат сегашната ситуација со тоа време.
Според негово мислење Северот би можел да се интегрира во обединета Кореја многу полесно отколку што многумина мислат, и дека една од најголемите заблуди е дека луѓето од Северна Кореја се прости и наивни.
Во однос на неговото бегство Чол-хван објаснува: "Кога ја преминав реката, дојдов до село, и кога тие ми понудија вечера се шокирав колку храна имаат... Кога бев во Далиан, човекот што се грижеше за мене беше човек што шверцуваше змии во Јужна Кореја, затоа што тие таму се деликатес. Имаше премногу змии и јас мораше да се грижам за нив. За возврат добивав храна и сместување. Се чудев зошто луѓето мислат дека змиите се деликатес кога во политичките поправни кампови јадевме змии затоа што немавме што друго да јадеме. Ова ми беше тешко за разбирање."
Една од поголемите забуни му била четката за заби: "Кога купував четка за заби, имаше десет различни четки. Која ова овие требаше да ги изберам?"