(Појаснување: Белото чоколадо нема какао маса и главно е превара)
Ако некој знае како светот стои со клучната состојка од која се состои нашиот најомилен кабает ќеиф (guilty pleasure), тоа се најголемите глобални производители на чоколадо, Barry Callebaut и Mars. Inc. А според нив, остануваме без чоколадо бидејќи го јадеме повеќе отколку што тоа може да биде произведено.
Какао дефицитот станува фикс. Се наоѓаме среде најдолготрајниот недостаток во последниве 50 години. Лани светот изел 70.000 метрички тони повеќе отколку што произвел.
Проблеми кај производната страна:
* Сушата во западна Африка, особено Брегот на слоновата коска и Гана кои произведуваат 70 проценти од вкупните количини какао.
* Габичното заболување монилиоптора рорери (цркло дабогда) покосило 30 - 40 проценти од вкупното производство. Како резултат на ова, многумина фармери го напуштаат производството на нежното какао и се префрлуваат на поотпорни растенија како пченица.
Проблеми кај конзументската страна:
Љубовта кон чоколадото почнуваат да ја делат и Кинезите, јасно е каков е тој проблем. Тоа има влијание и сега, кога пер капита конзумираат само 5 проценти од она што западниот човек го јаде. А побарувачката им расте секоја година.
Епилог: во последниве 2 години, цената на какаото е зголемена за 60 проценти. Производителите на чоколадо почнаа да ги подигаат цените на производите, први почнаа For Hershey's, по нив сите други.
Излез?
Истражувачка група од централна Африка развива какао дрво кое дава 7 пати поголеми приноси од традиционалното. Цената на ваквата ефикасност ја плаќа вкусот. Оние што пробале, тврдат дека не е тоа тоа.