Од што умираме

Пред 100 години никој не ни помислувал дека некој може да умре само затоа што веќе не сакал да живее, денес самоубиството е меѓу ТОП 10 причини за смрт. Речиси сите останати основи по кои умираме денес се изменети во однос на 1900-та.

Во последните 100 години сме успеале да ја скротиме пневмонијата и инфлуенцата, од 1-во на 9-то место, а туберкулозата и инфекциите на системот за варење веќе ги нема меѓу првите 10 причини (во 1900-та се на 2-ро и 3-то место). Првата тројка ја снемува благодарејќи на нашето ново разбирање за бактериите и како да се смират. Од топ 10 ја снемува и дифтеријата.

Ама затоа срцевите болести од 4-то место во 1900-та, денес се број еден, а ракот од 8-мо се качува на прво.

Во анализата на бројките што ги собира Њу Ингланд журналот за медицина (чисто за американските причини за смрт), авторите предупредуваат дека она што не убива ќе продолжи да се менува, ем не очекуваат дека во иднина медицинскиот напредок ќе може да ги следи промените.

"Од многу аспекти, нашите медицински системи најдобро прилагодени за болестите од минатото, а не за оние од иднината. Мора да продолжиме да го адаптираме здравствениот систем и здравствената политика како што еволуира товарот од болестите. Ама исто така мораме и повеќе да правиме. Болестите никогаш не можеш да ги сведеш на молекуларни патеки, обични технички проблеми кои бараат третман или лекови. Болестите се комплексен дел од човечкото искуство, кои вклучуваат објаснувања, очекувања и значење. Докторите мора да ја сфатат оваа комплексност и да формулираат теории, пракси и системи кои комплетно ја опфаќа ширината и суптилноста на болестите," објаснуваат авторите на истражувањето.

17 ноември 2014 - 10:41