Порно универзумот на Снапчат е комплетен

Компанијата која се прослави со апликацијата за инстантно испраќање на голишави фотографии, на еден или колку сакаш луѓе, сега ја дополни истата апликација со опција за инстантно испраќање пари преку неа. Ви текнува?

Корисниците на Снапчат ќе можат да си испраќаат пари меѓу себе откако ќе ги поврзат своите кредитни (или дебитни) картички со Сквер (платформа за плаќање преку уреди). Со внесување на "$" и сумата, ќе можеш да му испратиш пари на корисникот на Снапчат со кој што си поврзан.

И до сега во рамките на апликацијата функционираше сива економија, во која стриптизети или веб-кам девојки, нудеа пристап и прифаќање на нови снапчат корисници во замена за месечна, неделна, дневна или каква и да е претплата, која одеше преку некој од сервисите за префрлање пари. Разликата сега и тогаш, е што сега парите ќе одат директно преку апликацијата.

Инаку, намерата и оригиналната идеја на Снапчат е комплетно безазлена и апликацијата е замислена како начин за разменување на регуларни (ниту софткор, ниту хардкор) фотки. Оваа заблуда брзо им беше разбиена прво од напалени тинејџери, а потоа и од секс-работници/работнички, кои ја користат за сопствена промоција.

19 ноември 2014 - 12:01