Фокскон, компанијата што ги води мега-фабриките во кои меѓу другото се произведуваат и Епл производи, после неколку самоубиства на своите вработени, постави мрежи околу домовите во кои се сместени работниците, за да спречи идни самоубиства.
Ова не го спречи 24-годишниот работник на Фокскон, Ксу Лижи, минатиот месец да си го одземе животот. Пред да се фрли од зградата, тој остави "колекција морничава поезија која нуди поглед во строгата и душепогубна состојба на фабричкиот живот во Кина."
Ксу за тоа како е да се живее во заедничките домови на Фокскон:
Простор од 10 метри квадратни
пренатрупан и влажен, без сончева светлина цела година
тука јадам, спијам, серам и мислам
кашлаш, добиваш главоболки, старееш се разболуваш ама сепак не успеваш да умреш
под тапото жолто светло повторно јас празно зјапам, кикотејќи се како идиот
секој пат кога го отворам прозорот или плетената врата
јас изгледам како мртов човек
кој полека го отвора капакот на ковчегот.
Уште една поема од Ксу во која има мрачно претчувство за својата крајна судбина:
Шраф падна на земја
во оваа мрачна ноќ на прекувремена работа
потонувајќи вертикално, лесно тропкајќи
нема да привлече ничие внимание
исто како и минатиот пат
на вечер како оваа
кога некој падна на земјата.