Богатите и побогатите

Најбогатиот 1% од најбогатиот 1% во САД го сочинуваат околу 16.000 семејства со богатство од најмалку 111 милиони долари. Тие поседуваат околу 11% од вкупното богатство на САД и не се срамат да ги трошат парите.

Според Филип Раштон, кој 3 децении продава приватни авиони на глобалните богаташи, ситуацијата е одлична и катастрофална. Одлично оди кај нарачките на големи и скапи приватни авиони - вклучувајќи приватни џамбо џети. Катастрофална е кај помалите и поевтини приватни авиони кои речиси никој не ги купува, а и кога ќе ги купи тоа е со големи попусти.

Њујорк Тајмс проценува дека без разлика за која луксузна стока станува збор (јахти, дијаманти, уметност, вино, па дури и чанти), најголемите профити доаѓаат од милијардерите и од 9-цифрените милионери, а не од обичните милионери.

Неодамнешната студија на економисти од Универзитетот на Калифорнија, Беркли, и од Лондонската школа за економија, покажала дека речиси целиот раст на американската нееднаквост во последните 30 години се препишува на "растот на богатството што го поседуваат 0,1 проценти од најбогатите семејства."

Назад кај авионите, Раштон објаснува дека моментално најголема побарувачка е за 65 милиони долари вредниот Г650 Гулфстрим. Дури и милионерите што ќе го купат, успеваат неколку месеци подоцна да го продадат и со неколку милиони долари ќар. Исто така добро оди и продажбата на приватни џамбо-џетови од Боинг, конкретно 777-300ER (обично за 400 патници) и уште поголемиот 747-800.

Слично се случува и кај морнарицата, па ако до сега одлично одеше продажбата на јахти, сега главен тренд се мегајахтите. Проджабата и нарачките на бродови долги над 90 метри се ближи до рекордот, додека цените на бродовите долги меѓу 30 и 45 метри се паднати меѓу 30 и 50%.

17 ноември 2014 - 11:43