Профитите на Самсунг за третата четвртина од 2014-та се паднати за речиси 50% (Самсунг електроникс, не целата групација). Според Самсунг кривица за ова има лошата продажба на смартфони и падот на бизнисот со чипови.
Со новиот договор Самсунг ќе изработува 80% од сите чипови на Епл за Ајфон и Ајпад, а според извештајот "договорот вреди милијарди." Новата соработка доаѓа еден месец откако двете компании решија да се откажат од сите меѓусебни тужби околу правата за патентите надвор од САД.
Епл самиот ги дизајнира сите чипови за своите уреди, ама им треба партнер за производство кој ќе ги направи нивните дизајни. Историски производителот е Самсунг, ама лани сакајќи на својот главен конкурент да му укине еден од изворите на приходи, Епл потпиша договор со ТСМЦ.
Со ова Самсунг го решава само половина од проблемот од годишниот извештај. Тие и понатаму имаат ќе треба да направат нешто околу намалената продажба на смартфони, која овој пат доаѓа заради заканата од Ксиаоми и Леново кои произведуваат Андроид уреди со одлични спецификации а ги продаваат за половина од цената на Самсунг уредите.