НАТО крај булките

Сите овие 12 години минати во Авганистан еден од главните столбови на НАТО во стратегијата против Талибанците, беше уништување на трговијата со дрога и одгледувањето афион. Во 2014-та опиум економијата на земјата и трговијата со дрога постигнаа историски рекорд.

Производството на афион пораснало за 7%, а површината посадена со оваа култура во 2014-та е порасната од 209 на 224 илјади хектари. Сите мислеа дека плафонот е достигнат во 2013-та, која ја завршија со највисокото ниво на одгледување афион од 1998-ма, кога О.Н. прв пат почна да води есап за ова.

Сите овие 12 години, проблемот со спречување на одгледувањето опиум е што САД и НАТО не успеаа да ги протераат Талибанците од провинциите на југоисток, каде традиционално се најголемите полиња. Според О.Н. 89% од рекордното производство во 2014-та, отпаѓа на 9 провинции, во кои има сериозно талибанско присуство.

Од 2008-ма САД во Авганистан потрошија околу 7,8 милијарди долари за програми против наркотици. О.Н. проценува дека вредноста на жетвата само во 2014-та изнесува околу 22 милијарди долари, или 4% од авганистанскиот БДП. Плус, во опиумската економија се вработени над 410.000 Авганистанци, повеќе од вкупниот број на сите безбедносни сили на земјата.

15 ноември 2014 - 14:25