Кога во август новинарот Карл Дрот разговара со неа, таа му објаснува дека татко и загинал во борбите со ИСИС, и дека напуштила правен факултет за да дојде и да се бори. Дрот тогаш ја прави фотографијата со Рехана опкружена со машки борци.
На 23-ти август фотографијата ја објавува Биџикурдистан, блог што ги поддржува Курдите во Кобане. Едно време фотографијата минува незабележана. Фотката се појавува во твит од Слемани Тајмс, новински сајт на англиски кој го покрива "курдистанскиот регион, Ирак и Средниот Исток," ова е речиси еден месец откако е направена фотографијата. Твитот е ретвитуван над 200 пати.
Една недела подоцна на Твитер се појавува информација дека ИСИС ја заробиле девојката и ја обезглавиле. ИСИС пуштаат и фотографија во која еден нивен борец држи женска глава во рака. Наскоро се гледа дека сликата е фотошопирана.
На почетокот од октомври индискиот новинар Паван Дурани ја открива фотографијава, и ја твитнува со тврдењето дека Рехана во Кобане убила над 100 терористи од ИСИС. Ова е ретвитувано над 5.500 пати и почнува да се појавува во новинските извештаи. "Ангелот од Кобане е роден."
Неколку недели подоцна на Твитер повторно се појавува фотографија од насмеан борец на ИСИС кој во раката држи отсечена женска глава. Наводно ова пак треба да е Рехана. Ангелот од Кобане е мртов. Барем ИСИС сака ова да го верувате.
"Рехана е прилично жива. Симпатизерите на ИСИС само се обидуваат да си го кренат моралот. Тигрицата уште лови. Оставете ги ИСИС да прават уште слики од Рихана. Пропагандата и лагите им течат во нивните вени. Рехана продолжува да ги лови," порача тогаш Дурани.
По сето ова во приказната повторно се појавува Дрот, шведскиот новинар кој ја прави фотографијата со девојката. Тој знае дека Рехана не е карактеристично курдско женско име.
Тој на Фејсбук пишува:
"Таа волонтираше да го брани Кобане од ИСИС и го ризикуваше својот живот. Навреда е кон неа тоа што некои луѓе мислат дека ова не е доволно, туку дека треба да бидат измислени уште пофантастични детали, а ова исто така ги девалвира многуте комплетно вистините приказни и уште по фантастични стории кои доаѓаат од Кобане. За жал, нема иконска приказна за секоја фантастична приказна, и обратно."
"Rehana" has probably neither been beheaded nor single-handedly killed 100 IS fighters #Kobani #Kobane pic.twitter.com/VdNh6JAV50
— Carl Drott (@CarlDrott) October 18, 2014