Мажи се за работа, жени се за изглед?

Не важно што работи жена, важно е што носи

После години и години добивање писма и коментари од гледачите, во кои генерално него го критикуваат (добро или лошо) за работата, а ко-водителката за изгледот и тоа што го носи, еден од најпопуларните австралиски водители реши цела година да прави експеримент пред цела публика. Експериментот заврши баш како што тој мислеше.

Фрустриран од сексистичките критики против колешките, Карл Стефановиќ лани решава два дена по ред да го носи истото сако, за да ја докаже својата поента. Откако никој не приметува, тој продолжува така до еден месец. Ни по еден месец никој од публиката ниту коментира, ниту забележува. Стефановиќ вака тера до една година, пред да се отвори пред публиката.

За австралиските медиуми Стефановиќ објаснува дека тој цело време добива коментари од гледачите за тоа колку добро ја врши својата работа, ама неговите колешки, кои ги прават истите интервјуа како и тој, и ги имаат истите телевизиски улоги, константно добиваат коментари за нивниот изглед и што носат.

На Стефановиќ му прекипува лани, кога неговата ко-водителка открива дека постојано добива мејлови во кои неа ја ругаат дека нема стилист, дека дента била посебно ужасно облечена, и дека треба да биде подотерана. Тогаш Стефановиќ почнува да го носи синото сако, инаку копија на Бурбери.

Една година подоцна, и секое утро во исто сако, не само што никој не ни споменува дека сакото му копија, туку тој нема добиено ниту еден коментар дека го нема сменето.

"Жените ги оценуваат многу построго ги оценуваат за тоа што прават, што кажуваат и што носат. Јас во програма го носам истото одело секој ден цела година - освен неколку пати заради околностите - за да докажам нешто.

Мене ме оценуваат според моите интервјуа, мојата смисла за хумор - во основа како ја вршам мојата работа. Додека жените најчесто ги судат врз основа на она што го носат и каква им е косата... тоа сакав да го тестирам," изјавил водителот.

 

17 ноември 2014 - 14:14