Џејсон Браун купува земјиште од 400 хектари во Северна Каролина, и на цела површина ќе сади благ компир и краставици. Кога тргнал да го прави ова менаџерот му рекол: "ја правиш најголемата грешка во животот." Тој е уверен дека не е така.
Земјоделството го учи од гледање ЈуТјуб и собира искуство од локалните фармери во Луисбург.
Фармата му се вика "Први плодови" и како дел од својот план, Браун првите плодови од секоја жетва ќе ги донира во банките за храна (за сиромашни). Тој неодамна завршил со жетвата на една парцела од 5 хектари, од која собрал 45 тони благ компир, кој го донирал на гладните.
Неговото објаснување за потегот е дека тој е "инспириран од Господ, и верува дека живот во кој им служиш на другите многу повеќе го исполнува отколку неговата претходна работа."