Васо Лекиќ упорно, трпеливо и со многу претприемчив талент ја негуваше Бабината тајна и создаде мала компанија, баш онаква каква што на Србија и требаат на илјадници - производство на храна со додадена вредност, вработување жени во неразвиените краеви, следење на барањата на пазарот, негување стандардно висок квалитет, развој во областа на здравата храна, вложување во маркетинг, препознатлив бренд, извоз на 20-на пребирливи пазари од Јапонија до Америка...
Васо Лекиќ не е ни тајкун, ниту контроверзен бизнисмен, ниту ја оштетил државата или банките, не користел субвенции, не затајувал данок, не се котирал на листите на донатори на политичките партии, не гостувал во скандалозните естрадни рубрики или на партиски забави, ниту пак се сликал со "познати" пејачки.
Кога Србија би имала неколку илјади "васо лекиќи" и Бабини тајни, денес не би била во вакви економски проблеми.
Бизнисот на Васо Лекиќ го купи исто така успешен, вреден и ценет хрватски бизнисмен Емил Тедески. Нема сомнеж дека добро се пазарел и дека треба да биде задоволен, нешто што Емил не го крие.
Некој ќе рече дека бизнисменот Васо Лекиќ има право да го продаде својот бизнис. Многу бизнисмени и започнуваат бизнис со идејата дека неколку години ќе го гаат и "угојат," а потоа одлично ќе го продадат за големи пари. И нема ништо спорно ако Лекиќ проценил и одлучил дека сега е моментот кога може да се добие најдобра цена за бизнисот на кој вредно му се посветил и трпеливо го градел речиси две децении. Цената која ја добил е наградата за целиот тој труд.
Бабина тајна е рецепт, модел за успех на економијата на една земја како што е Србија - илјада мали семејни компании ангажирани во (не само прехрамбената) индустрија и способни во производот како дополнителна вредност да го вградат своето знаење, умешност и визија. Стотици илјади домаќинства во Австрија, Германија, Италија, Швајцарија, Норвешка, Естонија, Словенија... на овој начин заработуваат за пристоен живот без потреба да бидат на грбот (буџетот) на државата. Купопродажната сума за која се шпекулира дека Лекиќ ја добил од продажбата на Бабината тајна би можела да биде порив за десетици и стотици претприемчиви луѓе во Србија да тргнат по неговите стапки во разни видови бизнис по системот "принципот е ист, останатото се нијанси."
Колкава е веројатноста дека некој ќе се одважи на ваков чекор?
Мала. И чисто се сомневам дека некој ќе се мотивира.
Зошто?
Од дипломатски штурите, но јасните пораки кои Васо Лекиќ ги кажа по продажбата на Бабината тајна може да се насети дека тој не се одлучил на продажба само заради процената дека ќе добие добра цена за одлично "згоениот" бизнис. Попрво би се рекло дека на Бабината тајна и засметало нешто во деловниот амбиент на Србија, нешто што го попречува развојот на малиот (и среден) бизнис со кој се занимавал Васо Лекиќ и што Бабината тајна ја попречи во развојот и прераснувањето во средна компанија. Тој попречувачки фактор во бизнис климата го потврдуваат и многу колеги на Лекиќ, мали и средни бизнисмени, кои немаат така познат бренд како што е Бабината тајна. И ним, а се поголем дел се занимава со производство (а не трговија и "транге-франге" бизниси), не им одговара амбиентот за работење во Србија и ги има се повеќе кои затвораат или планираат до (да речеме) крајот на следната година да го затворат својот бизнис. Многу од нив би биле среќни кога би имале на кого да го продадат својот бизнис, како што тоа го направи Васо Лекиќ, а подготвени се да одат и "под цена" само за да се спасат од маките кои ги имаат со амбиентот и државата. Многумина ќе бидат охрабрени од одлуката на сопственикот на Бабина тајна да го продаде својот бизнис, па ќе застанат пред огледало и ќе речат: "Кога Васо Лекиќ не можеше да издржи, тогаш што чекам јас?"
Ова би била фантастична шанса - шанса која не се пропушта - која би покажала каква реформска и економска политика ќе води нашата Влада, кога нашиот премиер би му се јавил на Васо Лекиќ (или би отишол во фабриката на Васо во селото под Копаоник) за да го праша што му станало што ја продава Бабината тајна. Дали, не дај боже, можеби нешто не чини во економската, монетарната, макроекономската, извозната (или само во даночната) политика на нашата Влада, за тој, нашиот премиер, одма да го измени или реформира тоа. Бидејќи, веројатно целта на државата и на нашата Влада е да има многу такви "васо лекиќи" на кои ќе се угледуваат нашите претприемачки деца. Нашиот премиер имаше сешто да се наслуша да отидеше кај Васо Лекиќ, на кого државата до сега повеќе му одмагала отколку помагала за да ја издигне Бабината тајна на ниво на национален бренд, таканаречен прехранбен "Новак Ѓоковиќ."
Па, кога Васо (евентуално) би рекол дека бизнисот го продал за добро да заработи, тогаш нашиот премиер би можел јавно да се фали и овој успешен пример на Васо Лекиќ да го расејува низ Србија. Можеби ова би се фатило кога нашиот премиер би успеал да убеди некој претприемачки граѓани да тргне по стапките на Лекиќ и да смисли некој своја нова - тајна.
Сигурен сум во едно - нашиот премиер да отидеше во посета на Бабината тајна, Васо Лекиќ не би барал од нашиот премиер државата да му позајми пари или да му одобри субвенции за да го продолжи бизнисот и да не мора да му го продава на Емил. Знае Васо Лекиќ дека тоа не е добро за државата и дека не е суштината на пазарната економија, бидејќи државата само треба да, ах, создаде амбиент а способните бизнисмени некако ќе се снајдат.
Нашиот премиер немаше време, а требаше да има, за Васо Лекиќ.
Во деновите кога е продадена Бабина тајна, нашиот премиер беше во посета - на Рударскиот комбинат Бор, Железарата Смедерево и рудникот Колубара. На пропаднати и запуштени државни компании, ждерачи на парите од даночните обврзници. На работниците во Бор за продолжување на бизнисот им вети нови суми од државните пари, на работниците на Железара им вети дека државата ќе им плати на Американците за да ги купат, а во Колубара ја гледаше неспособноста и јаловоста на државниот сектор.
Каква порака нашиот премиер им испрати на потенцијалните следбеници на Васо Лекиќ?
Дека тој (нашиот премиер) и нашата Влада ќе водат економска политика која ќе се наслонува, стално ќе се грижи и во државната каса секогаш ќе најде пари за разни "борови", "колубари" и "железари". Пари кои нашата Влада преку данок ги земала од Васо Лекиќ и десетина илјади негови колеги. Сите овие мали и средни бизнисмени ги затвораат и размислуваат да ги затворат своите бизниси бидејќи повеќе не можат да го издржат даночното оптоварување, ама затоа од парите земени од малите и средни бизниси опстануваат "борови", "колубари" и "железари".
Што би рекол нашиот премиер: па заради тоа ли се боревме со ветувањето дека со целата своја сила ќе влеземе во реформи?
извор: pescanik.net