Вести

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Нов закон во Белгија:

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Речник

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Армијата на САД вежба масовни погребувања војници

Инженерски единици на американската Армија повторно почнаа да обучуваат да копаат привремени масовни гробници на бојно поле, активност што ниту се практикувала ниту била потребна уште од Корејската војна во 1953 година. Низ обука поминуваат и свештеници. Целта е да се зачуваат телата на паднатите борци и достоинствено да се испратат со верски обреди. 

Ковид во бременоста го зголемува ризикот од аутизам кај децата

Децата родени од мајки заразени со ковид за време на бременоста се соочувале со поголем ризик од аутизам, заедно со други невролошки разлики како што се доцнења во говорот и моторниот развој. Наодите од ново истражување не се цврсти докази дека ковид-19 ги предизвикал состојбите кај децата, но случаите биле 2,5 пати почести во споредба со мајките што не биле заразени.

Фронтекс не ги чува границите туку пречекува мигранти

Поранешниот прв човек на Фронтекс сведочи како под влијание на невладини организции, Европската комисија му вршела притисок и му објаснувале дека неговата работа не е да ги чува европските граници туку да ги пречекува мигрантите. Затоа ги советувал полските власти да не ги користат услугите на Фронтекс.

Европа ќе остане економски сама со своите регулативи

Европската Унија има премногу регулативи на кои инсистира а нивното исполнување е речиси невозможно, кажа индискиот министер за трговија и индустрија по последната јалова рунда преговори со ЕУ. Двете страни треба до крајот на годината да постигнат договор за слободна трговија но не се стигнати до никаде.  

Европската комисија скришно преговара со лобисти

Надзорниот орган на ЕУ отвори истрага дали Европската комисија крие што се дискутирало на стотици тајни преговори со лобисти и претставници на индустријата пред да ја почне серијата укинување на регулативи што се сметаат за „непријателски“ за бизнисите. Средбите се уредно забележани, но извештаите се претерано штури и не содржат детали.

Мајмун ќе смени став со факти, човек потешко

Кога се соочени со нови факти, спротивни на нивните претходни ставови, шимпанзата повеќе им веруваат на поцврстите докази и ќе си го променат мислењето. Уште од Аристотел се сметаше дека само луѓето се способни за рационална промена на убедувањето. И додека се плашиме дека ќе изгубиме од вештачката интелигенција, ние уште мајмуните ги немаме победено во сите сфери.

Америка влегува во нов Макартизам

САД ги зафаќа трет бран од „црвена паника“, овојпат не од Советскиот сојуз туку од Кина. Секој вработен во фирма која има некаков кинески капитал, мора да влезе во регистер на „странски агенти“. А такви се Моторола, Генерал Електрик, Епик Гејмс... Сомнителен е секој контакт или врска со Кина, макар се работело за научно истражување.     

Светот мижи пред геноцид видлив и од вселената

Дури и на сателитски снимки се гледаат крвавите траги од масакрите во суданскиот регион Дарфур. Паравоени сили во еден ден убиле 460 пациенти и лекари во породилиште, одат по домови и ликвидираат цивили, пукаат во оние што бегаат. За само три дена убиле повеќе од 2.000 луѓе што не се Арапи. Градот Ел Фашер е Пекол на земјата. А западните влади упорно молчат.

Киев можеби нема да издржи до пролет

Претстојната зима може да биде „последнииот чин“ на Зеленски и неговиот отпор кон руската нвазија, пишува надворешно-политичкиот колумнист на Тајмс, Роџер Бојес.  После речиси три години војна, Украина се соочува со сериозен недостаток на средства, уморни сојузници и сè помала волја на Запад да помага против Русите. „Спремете се за мир, нема да биде убав.“ 

Нема кинески чипови - нема европски коли

Фабриките за автомобили во ЕУ се „на неколку дена“ од затворање на производствените линии поради ескалацијата на кризата со снабдувањето со компјутерски чипови од Кина. Здружението во кое се БМВ, Фиат, Пежо и Фолксваген објави дека фабриките ги трошат последните резерви. Кризата ја предизвика Холандија, која ја презеде контролата врз кинеската компанија Некспериа.

Германската „Анти-Грета“ бара политички азил во САД

Популарната германска активистка Наоми Зајбт, позната и како „Анти-Грета“ поради гласните критики на зелените иницијативи и миграцијата, побара политички азил во САД затоа што повеќе не се чувствува безбедна во својата земја. Тврди дека владините служби ги прогонуваат активистите, а полицијата воопшто не реагирала на смртните закани што ги добива од Антифа.

Ако нејќете да крадеме руски пари, вадете новчаниците

Европската Унија едно време беше мировен проект што на своите земји-членки им обезбедуваше економски придобивки и други бенефиции од заедништвото. Сега ЕУ бара од своите членки или да станат одметнати од меѓународниот поредок држави со тоа што ќе крадат туѓи средства или да ги дотепаат своите национални буџети за да финансираат војна.

Ерупција на вкусови со „Волкано“ - новото премиум вино на „Монтеко“

Винаријата „Монтеко“ го претстави своето ново премиум вино - „Волкано“ на настан кој се одржа вчеравечер во English Pub & Restaurant – The Corner, во Скопје. 

Ексон нејќе да биде гласноговорник на Калифорнија

Ексон, нафтена компанија на која ѝ се префрла одговорноста за големи емисии на јаглеродни гасови, ја тужи сојузната држава Калифорнија поради два закони фокусирани на климата, за кои тврди дека ѝ го нарушуваат правото на корпорацијата на слобода на изразување. „Не сакаме да бидеме гласноговорници на идеи со кои не се согласуваме“, наведува Ексон.

Бета-блокатори може да бидат фатални

Бета-блокаторите кои вообичаено се препишуваат како терапија по срцев удар, а се користат и за третирање на анксиозност, кај некои жени може да предизвикаат несакани последици опасни по живот. Нова студија покажа дека лекот нема речиси никаква корист за луѓето кои се опоравуваат од кардиоваскуларни заболувања, а кај некои пациенти може да им го повтори срцевиот удар.

Модрите кучиња од Чернобил не се радиоактивни

Решена е мистеријата на модрите кучиња од Чернобил, чии фотографии го обиколија светот и повторно поттикнаа расправи за ефектите од радијација врз генетиката четири децении по нуклеарната хаварија. На модрите кучиња навистина побрзо им мутираат гените, но не повеќе отколку и на другите од чопорот. Тоа што си го смениле влакното е од тркалање по лепешки.

100.000 млади мажи избегаа од Украина

Откако претседателот Володимир Зеленски пред два месеци ги олесни правилата за излез од Украина, речиси 100.000 украински мажи на возраст за воена регрутација ја напуштиле земјата. Сега секој ден по 200 доаѓаат во Германија, и го зголемуваат притисокот врз социјалниот систем. Домаќините се жалат: наместо да ја бранат својата земја, живеат на туѓа сметка.

Дружината на Обама сака глобална цензура на интернет

Високи претставници од ЕУ, Британија, Бразил и Австралија во септември одржале тајна средба со центар поддржан од Барак Обама заради координирање на напорите за воведување глобална цензура. Визијата на Обама и неговиот центар е законодавство што ќе ѝ одобри на владата да финансира наводно независни невладини организации да го цензурираат интернетот.

Британија се откажува од експериментот со четири работни дена

Британските лабуристички власти планираат да го укинат експериментот со воведување четиридневна работна недела во локалните јавни служби и совети. Оценуваат дека експериментот не ја зголемил продуктивноста, а создал повеќе трошоци. Анализа потврдила подобрување на ефикасноста, но граѓаните се жалат дека се влошиле јавните услуги.

Такви тротоари имаме, уште суд да се најдеше

Наставничка од Јужна Калифорнија добила рекордна отштета откако за време на една прошетка низ градот стапнала на нерамен тротоар. Вика дека несреќата ѝ го сменила животот. Доделената отштета од 7,5 милиони долари уште повеќе ќе ѝ го смени. За ваква работа, кај нас официјално би ти рекле: Што не гледаш кај одиш? 

Тексас тужи поради криење на ризиците од Тиленол

Кен Пакстон, државниот обвинител на сојузната држава Тексас, ги тужи производителите на Тиленол поради тоа што знаеле за ризиците од лекот врз развојот на мозокот кај децата, но намерно ги прикривале. Со тужбата се опфатени и поранешниот производител „Џонсон и Џонсон“ и новиот „Кенвју“, за кој се тврди дека бил наменски формиран за да се прикрие одговорноста.

Бил Гејтс се отрезни: Баталете климатски цели, помогнете им на луѓето

Бил Гејтс, кој вложи милијарди во проекти за кревање паника поради климатските промени, прави голем пресврт во политиката. Ги повика владите да ги запрат очајничките обиди со неостварливи климатски цели да го намалат глобалното затоплување. Бара повеќе да им се посветат на благосостојбата на луѓето и да поттикнат иновативни начини за да ги ублажат последиците.

Кенеди бара повеќе месо и јогурт во исхраната

Американскиот министер за здравство најави нови упатства што ќе ги охрабрат Американците да внесуваат повеќе заситени масти, спротивно на досегашните препораки за исхрана. Тој тврди дека заситените масти со децении биле демонизирани од кампањите за промоција на маргарин, адитиви, растителни масти и шеќери. Препорачува здраво месо, јогурт и ферментирана храна.

Рано воведување кикирики во исхраната спречува алергии

Со децении наназад лекарите ги советуваа родителите да не ги изложуваат бебињата на кикирики за да не развијат алергија. Додека важеше тоа правило стапките на алергии на кикирики кај децата се зголемија повеќе од трипати. Пред една деценија направија радикален пресврт и препорачаа да се воведат во исхраната кај бебиња од рана возраст. Случаите се намалиле за 43%. 

Бараат и од ВИ да цензурира руски извори

Најпопуларните јазични модели со вештачка интелигенција се обвинети дека се пристрасни и промовираат „санкционирана руска пропаганда“. Нивната вина, всушност, е тоа што на барањето информации за војната во Украина наведувале и податоци од државни руски извори и медиуми, и тоа по една на секои четири од западни извори за кои не се испитувало дали шират пропаганда.