Вести

Што ако демократијата беше само минлива историска епизода?

Денес се зборува за демократијата на речиси ист начин како што средновековните теолози зборувале за природниот поредок на светот. Како отсекогаш да постоела и како да ќе постои засекогаш. Но, што Фукујама предвреме прогласи фајронт на историјата? Што ако либералната демократија е беше политички одговор на свет кој веќе не постои? 

Британско упатство за мигранти: Не силувајте жени

После серија брутални силувања и сексуални напади извршени од страна на баратели на азил, британското министерство за внатрешни работи процени дека е корисно на тие луѓе да им се испечати упатство за однесување во кое се наведува дека жени не треба да се силуваат, да им се ш'цка и да им се праќаат кисчиња. Овие сега ќе седнат, ќе ги прочитаат тие упатства и островот повторно ќе живее мирен и спокоен живот.  

Грција станува израелски сателит

„Трансформацијата на Грција во израелски сателит се одвива со вртоглава брзина. Ова е лош знак за повеќето Грци, за мирот во нашиот регион и за Европа и Западна Азија пошироко. Мора да се спротивставиме на тоа“, напиша Јанис Варуфакис. Освен мирот и безбедноста, Грците ги секира и тоа што кириите се качуваат затоа што Израелци масовно купуваат имот во нивната земја.

Речник

Почина најстариот американски затвореник

На 101 година, од старост, почина човекот со најголем затворенички стаж во американската историја. Последен пат побарал да му биде простена доживотната казна кога имал 95 години. А доживотната казна затвор ја дочекал со олеснување, бидејќи претходно во многу наврати му викале дека јаде за последен пат.   

Фатете се за пенкало

Норвешка студија од областа на невронауката утврди, поточно потврди, дека рачното пишување создава значително побогата и пософистицирана поврзаност во мозокот во споредба со чукањето на тастатура. Тоа може да има директни придобивки за учењето и меморијата. Со други зборови, рачното пишување го буди мозокот. Сепак, некогаш за тоа е доцна.

Мрсните функционери на мрсниот Доналд Трамп

Обама во својата администрација имал само три члена кои имале над 100 милиони долари. Џо Бајден имал петмина такви. Доналд Трамп ги има преку десетпати повеќе. Осуммина од нив имаат преку милијарда долари. Наивни ќе помислат дека таквите луѓе сега имаат доволно па ќе ѝ служат на државата. Да им беше на таквите нешто доволно, немаше ни да стигнат до тие цифри.  

Грчки теории на заговор, турски вистини и лаги

Италијанското "Una faccia, una razza" (еден лик, една раса) со кое сака да се покаже сличноста меѓу Италијанците и Грците, во констелација на турско-грчките односи би било "еден менталитет, една раса," пишува колумнистот на Хуриет, Мехмет Јилмаз. (Мини-еурека: во македонско-бугарските односи ова е "еден народ, две држави".)

Да се распише конкурс за некој пристоен окупатор да нè доведе во ред

Избори имаме на секои две години, човек не може ни да се сети кога тоа не сме имале избори. Оние што излегуваат во политичката арена треба да се гледаат првенствено преку она што ќе понудат. Воопшто не ме интересира кој на која партија ѝ припаѓа, туку што зборува и што порачува. Имам доволно искуство да препознам што е лага а што е вистина.

Србија и Трамп, драма во три чина

Политички магазин од Србија, притоа и еден од најчитаните, објавува ексклузивно интервју со Трамп, во кое републиканскиот кандидат се подава да исправи барем една од светските неправди нанесени на српскиот народ, и им се извинува за НАТО бомбардирањето од пред речиси две децении (да, толку пројде).

Данок на меурчиња

Ако веќе пиете газирани пијачки, испаѓа дека е подобро да ги пиете денес отколку утре. Не затоа што утре ќе бидат поштетни туку зашто ќе бидат поскапи.

Награда за мир отслужена со ропство

Надја Мурад е добитничка на годинешната Вацлав Хавел наградата за човекови права, за нејзината работа на заштита на Јазидите од ИСИС. Мурат три месеци беше робинка на ИСИС, која за цело време на своето ропство е сексуално малтретирана од повеќе терористи.

Зошто Самсунг се откажа од Галакси ноут 7 смартфонот?

Да, се откажа затоа што смартфонот експлодираше и правеше пожари, ама проблемот е што ни Самсунг уште не знаат (или не кажуваат) зошто се случува ова бидејќи се покажа дека не е до батеријата.

Каква е врската меѓу Епл, Самсунг и лажичките?

Дизајнерскиот спор меѓу Епл и Самсунг околу изгледот на нивните смартфони го врати Врховниот суд 120 години назад во историјата, кога решаваше за случен случај: дали една лажичка е иста со друга лажичка.

Калциум, корисен во храна, штетен како суплемент

Десет годишна студија заклучува дека суплементите на калциум можат да го зголемат ризикот од срцево заболување, иако исхраната богата со калциум помага во заштита на срцето.

Мрачната страна на успешната туристичка сезона

Тост од 6 евра, бубачка во пица, пијан келнер, жив помфрит, туристка што паднала од велосипед па полицијата и ја донела казната во болница, се само дел од инцидентите што Вечерњи ги наведува од годинешната туристичка сезона во Хрватска.

Тешко е да се оди во црква

Не е бог мртов, како што тврдеше Ниче (што на оној графит доби легендарна реплика: Ниче е мртов - Бог). Само, на луѓето им е сè потешко да му одат на гости (на овој свет). Со други зборови, проблемите на верата не се во науката туку во логистиката.

Демократите не требаше да престанат да го слушаат Спрингстин

Да обрнеа малку повеќе внимание на луѓето и судбините за кои пее Брус Спрингстин, Демократите ќе знаеја каде им се изгуби изборната база.

Елон Маск бара "ферка" со индустријата за јаглен

Во интервју за Сиенбиси, првиот човек на една од најголемите компании за производство на јаглен Муреј енерџи корпорејшн, Роберт Муреј, го нарекува Маск измамник затоа што Тесла добил 2 милијарди долари субвенции од државата, а се уште нема направено ни едно пени профит.

82 години по атентатот во Марсеј и сите пропусти на Французите

На 9 октомври 1934 кралот Александар на бродот Дубровник пристигнува на пристаништето во Марсеј каде е дочекан од францускиот министер за надворешни работи Луј Барту и генералот Жозеф Жорж, и уште тука не е исполнет протоколот за дочек на високи гости и покрај тоа што разузнавачките служби веќе имаат информација дека му се подготвува атентат на кралот, пишува авторот на книгата "Атентат 1934", Милан Богојевиќ.

Ризиците на референдумите

За да ви стане јасен целиот ризик на распишување референдум, доволно е да се обидете по дома да спроведете еден за тоа што ќе се руча денес. Веднаш ќе зажалите што сте му ја препуштиле одлуката на народот.

Во Тајланд допрва ќе биде циркус

Актуелниот крал на Тајланд, Рама 9-ти е најбогатиот монарх на светот со богатство кое се проценува на 30 милијарди долари. Проблемот е што Рама, роден 1927, е пред умирачка, а на негово место чека да дојде син му, 63-годишниот принц Маха Вачиралонгкорн, човек со манири како што може да има некој што 63 години е одгледуван како син на најбогатиот монарх на светот.

Од украинскиот фронт од војната меѓу Западот и Русија

Под терминот "тековна професионализација" канадската армија од 2014 ги обучува и им помага на Украинците во војната против руските сепаратисти. Под терминот "Кремљ е наш" Русија ги обучува и помага руските сепаратисти во војната против Украинците.

Еврејската држава Албанија

Во 1935 британски ционист новинар, Лео Елтон патува во Албанија со цел да ја разгледа можноста таму да биде воспоставена модерната еврејска држава.

Како републиканците можат да го сменат Трамп, дури и ако тој не сака

Како што почна да зема на сила тазе објавената снимка со фалењето на Трамп околу жените, така републиканскиот кандидат одржа прес-конференција каде на своите поддржувачи, а и на сè останато, им порача "никогаш нема да се откажам од трката за претседател."

Втора дебата, ноќта по снимките на Трамп

Пред почетокот на викендот распоредот во претседателската трка во САД беше: во првата дебата победи Хилари ама не многу, а Трамп изгуби, ама не многу. Плус добар дел беа изненадени од одличниот настап на Пенс, изборот за потпретседател на Трамп, во дебатата со Кејн, изборот на Хилари. Сето ова важеше до петокот кога Вашингтон пост објави снимка од Трамп, како експлицитно се отвара за своите пракси околу жените во брак.

Има бетер и од Нобелова

Контроверзите околу Нобеловата награда за мир постојат со децении. Од фактот дека ја има добиено еден злотвор како Кисинџер ама не и тип како Ганди па до последниот лауреат од Колумбија чиј мировен план беше одбиен на референдум. Но, та не е саде Нобел, та не е саде мир.

Приказната за егзекуцијата на Романови

На 17 јули 1918 во 1 часот по полноќ, царот Николај Втори, неговата сопруга, петте деца, нивните 4 преостанати слуги, меѓу кои и семејниот доктор, се разбудени од страна на нивните болшевички чувари. Наредено им е да се облечат и да се спремат за патување. Кажано им е да се соберат во подрумот. Додека семејството и придружбата чекаат таму, просторијата почнува да се полни со 11 или 12 тешко вооружени војници.

Како болките во грбот го покорија светот

Добра вест е дека луѓето во просек живеат една деценија подолго отколку во 1980. Лоша вест е дека ова не се должи на подобро здравје, туку на подобри лекови кои можат да нè истераат уште некоја година.

Кога Балканот им помагаше на работниците во Шведска

Насловот звучи како кромид или како некоја ретро сатира, но не е; навистина постоело време кога на просторите на поранешна Југославија се собирале донации за поддршка на обесправената и угнетена работничка класа во Шведска.

Атлантик се кандиса

Атлантик е еден од највоздржаните американски магазини за време на избори. Во своето постоење (пазете, постојат 159 години!) само во два наврата поддржале некој кандидат за претседател. И еве сега се појавува Доналд Трамп.