Муреј, кој инаку го негира постоењето на глобално затоплување и е симпатизер на Трамп, во разговорот се надоврза и на претседателските избори порачувајќи дека Хилари Клинтон сака да им дава субвенции на Елон Маск, Ворен Бафет и други богати Американци затоа што тие и се пријатели, и дека субвенциите "немаат никаква врска со спасување на животната средина."
Во одговорот Маск прво му порачува на Муреј, дека единствена вистинска измама е отфрлањето на целата наука околу глобалното затоплување, "а што се однесува на 'субвенциите' Тесла добива само неколку пени на секој долар во споредба со јагленот. Зошто да не се пробаме и двајцата да работиме со нула (субвенции)?"
На почетокот од годинава Маск изјави дека "луѓето мораат да се кренат против пропагандата на индустријата на фосилни горива која е огромна и не сопира." Тој тогаш имплицираше дека платила објавување сторија дека бизнисите на Маск годишно добиваат милијарди долари во субвенции, како одговор на студијата на ММФ која покажа дека индустријата на фосилни горива годишно добива субвенции во износ од 5 илјади милијарди долари.
Маск и претходно повика на укинување на субвенциите за сите во енергетиката со цел да се тргне кон вистински слободен пазар.
Говорот на Маск на Сорбона, во кој е опфатен неговиот пристап кон субвенциите: