Студија објавена во Лансет дава листа според метриката ДАЛИ (DALY - Disability Adjusted Life Years) која го комбинира бројот на години живот што човек ги губи ако умре предвремено, со временскиот период што го минале ако живее со некаков инвалидитет, "сфатете го ова како време што не сте го минале како #bestlife, затоа што сте биле болни или мртви."
По оваа мерка, број еден на листата на ДАЛИ фактори во западниот свет е исхемија (затнување на крвотокот), за која горе доле е јасно зошто се случува, меѓутоа на второ место се наоѓа "обичната, старомодна, болка во половината и вратот."
Дури и ако на оваа статистика се додадат и останатите земји од светот, сиромашни или средна класа, на глобално ниво истиот овој проблем скокнал од 12-то место на ДАЛИ листа во 1990, на 4-то место во 2015.
Авторот на студијата Глобален товар, Тео Вос од Универзитетот во Вашингтон, ја отфрла првичната теорија дека компјутерите се причина за распространетоста на болките во грбот, затоа што во 1990 многу помалку луѓе биле залепени пред монитор, па пак ова било сериозно присутен проблем и високо рангиран на ДАЛИ листата. Дополнително неговата студија открива дека вработените во услужните дејности или земјоделието најмногу страдаат од болки во грбот, а не оние кај кои преовладува пишувањето на тастатура.
Неговото објаснување за ваквиот скок на овој проблем на листата на ДАЛИ е чисто статистички: прво, сме успеале да се справиме со болести кои го ништеа човештвото, како на пример сипаниците (кои од 1990 се намалени за 94%) заради што веќе ги нема на списокот, и второ, човековата популација се повеќе старее, а колку повеќе стари луѓе толку повеќе болки во грбот.
Меѓутоа освен овие два водечки фактори, има и други околности кои влијаат на подемот на болките во грбот, како прекумерна тежина и недостаток на физичка активност.
"Не знаеме што стварно да правиме околу тоа. Нема добри третмани за ова, а дел од работите што луѓето ги пробуваа - како опијати на рецепт - само се претворија во сосема друга криза," објаснува Вос.