Снимката од 2005-та од една страна предизвика сериозен потрес во самата Републиканска партија, заради што околу 150 нејзини видни членови ја повлекоа својата поддршка за Трамп. Од друга страна значително ја смени кампањата на Трамп, кој иако претходно имаше ветено дека нема да збори за вонбрачните активности на Бил Клинтон, свика прес-конференција на 90 минути пред дебатата, на која присуствуваа 3 жени што го имаат обвинето Бил Клинтон за сексуални односи, и една која како дете била силувана меѓутоа нејзиниот напаѓач бил одбранет пред судот од, тогаш адвокатката, Хилари Клинтон.
Текот на дебатата беше најавен уште на самиот влез, кога двајцата кандидати одбија да си подадат рака, туку само си климнаа еден на друг.
Во врска со снимките од 2005 беа поставени следните прашања:
- Дали сфаќаш дека си се фалел дека сексуално си напаѓал жени? На што Трамп одговара, "тоа е само муабет меѓу машки" и дека во снимката не кажува нешто што вистински го направил
На ова имаше одговор и Хилари.
- Трамп ја искористи шансата и да го сврти муабетот кон Бил Клинтон и неговите постапки во однос на жените за време на претседателскиот мандат.
Одговорот на Хилари беше дека нема да паѓа на ниво на Трамп и дека тој никогаш не се извинил, притоа цитирајќи ги сите претходни скандали и кавги на Трамп.
Трамп го искористи одговорот на Хилари за да ја сврти дебатата на сосема друга тема, и порача дека ако тој стане претседател таа ќе заврши во затвор, по основа на мејловите, притоа нарекувајќи ја "ѓавол".
Клинтон по кој знае кој пат се извини за хакирањето на нејзиниот меил, притоа држејќи се до претходните изјави дека било грешка и дека никаков доверлив материјал не бил компромитиран. Малку олабавен од притисокот околу снимката Трамп почнува да дофрла "треба да ти е срам од самата себе."
По ова Хилари требаше да зборува за најновиот нејзин скандал со мејлови, викендов објавен од Викиликс во кои се наведени нејзините приватни говори пред некои од најголемите светски корпорации.
Во разговорот околу Сирија, Трамп има прилично неочекувана реакција и одговара дека не се согласува со ставот на неговиот потрептседател Пенс, околу тоа како треба идниот претседател да се справи со војната.
На ред дојде Обамакеар. Прво беше Трамп.
Потоа беше Хилари.
Хилари требаше да одговара и за неодамнешната критика на Обамакеар од страна на нејзиниот сопруг.
На тема исламофобија пак прв зборуваше Трамп.
Хилари го нападна ставот на Трамп во однос на прашањето порачувајќи дека неговата реторика е опасна.
Едно од прашањата до кандидатите беше да кажат што најмногу почитуваат еден кај друг. Тоа изгледаше вака: