Првично, пролетта 1917 на поранешното царско семејство му е дозволено да живее во релативен комфор во нивната омилена резиденција во Царско Село, во близина на Петроград. Во еден краток временски период Николај Втори добива понуда за азил од неговиот роднина од Англија, кралот Џорџ Петти, меѓутоа тој за кратко време се предомислува и ја повлекува понудата.
Александар Керенски, првиот министер за правда, а потоа и претседател на преодната влада, ги преселува Романови во Тоболск, на далечниот крај од Сибир, со цел подобра безбедност за нив. Нивниот престој таму е краток и завршува со октомвриската револуција кога Ленин и болшевиците го соборуваат Керенски.
По доаѓањето на власт Ленин разгледува дали да има јавно судење за Николај Втори или само го убие него со целото семејство.
Додека болшевиците се трудат да се справат со белите (контрареволуционерна армија поддржана од западните сили), Ленин наредува Николај и неговото семејство да се вратат од Тоболск и да се сместат во близина на Москва. Човек од доверба на Ленин во април 1918 ги враќа Романови на запад.
Нивниот нов дом е една утврдена вила во центарот на Екатеринбург (подоцна преименуван во Свердловск, по Јаков Свердлов, еден од луѓето со кои Ленин ја разгледува можноста за егзекуција на Романови).
Куќата е преименувана во Куќа за специјални потреби и е претворена со затворска тврдина, со офарбани стакла, високи ѕидови и позиции со автоматско оружје. Таму Романови добиваат ограничени оброци и се под постојан надзор на непријателски настроени стражари. Сепак семејството успева да се адаптира на животот во вакви услови и ова се претвора во некаква идила сè додека една од ќерките на Романови, Марија, не започне врска со еден од стражарите. Како што се развива врската, овој стражар со помош на неколку други почнува да развива план како да им помогнат на девојките да избегаат. Кога заверата е откриена од нивниот претпоставен, Филип Голошчекин, стражарите се сменети и воведени се построги правила. Ваквиот развој на настаните го прави Ленин уште понервозен.
До почетокот на јули 1918 станува јасно дека Екатеринбург ќе падне во рацете на белите. Поради ова, Голошчекин итно патува во Москва за да добие одобрение од Ленин, и дава сè од себе за да го добие, за егзекуција на Романови. Убиството го планира новиот командант на Куќата за специјални потреби, Јаков Јуровски, кој одлучува да регрутира група што одеднаш ќе ги егзекутира припадниците на царското семејство, ќе ги запали нивните тела и потоа ќе ги закопа во блиската шума.
Процената е дека речиси секој детаљ од планот на Јуровски е погрешно испланиран и дека тој во пракса ќе биде катастрофален.
Утрото на 17-ти Романови уште нерасонети стојат во подрумот, кој почнува да се полни со тешко вооружени мажи. Одеднаш Јуровски почнува да ја чита смртната пресуда на Романови, по што секој од вооружените мажи почнува да пука.
Од овој момент почнуваат смртните ужасии за Романови.
Прво, иако секој од војниците добил име на човекот во кого треба да пука, никој од нив не сакал да стрела во девојчињата, па сите нишанат во Николај и Александра, кои речиси инстантно се убиени.
Второ, затоа што пукањето е „на диво“, војниците успеваат и да се ранат еден со друг во малата просторија, во која почнува да се крева прашина и да се полни со чад.
Трето, по завршувањето на првиот рафал најголемиот дел од семејството сè уште е живо. Сите се ранети и плачат од болка. Причина за ова делумно е и што тие на себе носат облека што е како панцир. Уште неколку месеци претходно, обидувајќи се да скријат дел од своето богатство, а истовремено тоа да им биде при рака, тие почнуваат дијамантите, слични скапоцени камења и накит да ги вшиваат под својата облека, која за секој случај е дополнето засилена со најјакиот материјал во тоа време. Откако војниците го забележуваат ова, почнуваат ранетите деца и останатите од придружбата да ги бодат со своите бајонети или да им пукаат во глава.
Ова трае 20 минути. Кога телата ги изнесуваат надвор, две од девојчињата и понатаму даваат знаци на живот, плукајќи и кашлајќи крв пред да бидат прободени до смрт. Ова е и еден од изворите на митовите дека принцезата Анастасија го преживува масакрот.
Откако ова е завршено, убијците и стражарите се расправаат кој треба да ги транспортира телата и каде. По некое време, исмејување и пљачкосување на мртвите тела на Романови, тие се товарени во камион, кој трга кон местото за закоп. По кратко време камионот се расипува, Романови се фрлени на земја, соблечени комплетно голи, а нивните алишта се запалени. Откако се покажува дека дупките ископани за нив се премногу плитки, Јуровски создава нов план, според кој ги остава телата на локацијата и се враќа во Екатеринбург по залихи.
Цели три дена и три ноќи тој патува од шумата кон градот, носејќи сулфурна киселина и бензин за уништување на телата. Откако ги потопува во сулфурна киселина и ги пали со бензин, сето она што останува од Романови, Јуровски го закопува во два гроба за да го збуни секој што ќе ги пронајде.
Остатокот од текстот тука.