Во Тајланд допрва ќе биде циркус

Актуелниот крал на Тајланд, Рама 9-ти е најбогатиот монарх на светот со богатство кое се проценува на 30 милијарди долари. Проблемот е што Рама, роден 1927, е пред умирачка, а на негово место чека да дојде син му, 63-годишниот принц Маха Вачиралонгкорн, човек со манири како што може да има некој што 63 години е одгледуван како син на најбогатиот монарх на светот.

Маха низ својот живот успева да му стане крајно одбивен на својот матичен народ, и тоа заради комбинација на екстравагантен живот и раскалашеност. Водечката глупоштија што се поврзува со неговото име е одлуката на својата пудлица Фу Фу да и даде чин на генерал на воената авијација на земјата.

Во врска со пудлата уште му го памтат скандалот од пред три години кога од прослава на роденденот на Фу Фу се појави снимка како третата сопруга на Маха облечена само во танга јаде од кучешка чинија за храна.

За време на една скорешна посета на Германија, се појавија фотографии на кои принцот Маха е со истетовиран цел грб и раце,  облечен во маица без ракави до над папок. Принцот не е тетовиран, туку целиот јакуза мотив се тетоважи налепници.

Рама 9-ти е на престолот уште од 1946, има висока доверба и почит од народот во Тајланд и го сметаат за главен помирител меѓу раскараните политички партии. До сега народот веруваше дека Рама ќе го спречи именувањето на Маха, инаку единствен син на кралот, за негов наследник, меѓутоа заради здравствената состојба тој не успева во тоа.

11 октомври 2016 - 13:13