23 годишната Мурад е заробена од ИСИС во 2014, по што е подложена на сексуална и физичка тортура. Кога прв пат се обидува да избега, таа е фатена и им е предадена на група од 6 ИСИС милитанти кои ја силуваат се додека не изгубила свест.
По три месеци притвор Мурад успева да избега. Таа истовремено е првиот поранешен заробеник кој е назначен за Амбасадор на добрата волја на Обединетите нации.
Мурад е една од над 5.000 Јазиди жени што се заробени од ИСИС во периодот кога групата го освојува Ирак. Освен заробените жени, ИСИС убива илјадници мажи и момчиња од Јазидите, вклучувајќи ги и 6-те браќа на Мурад.
За време на говорот по повод наградата таа повикала оформување на специјален суд за криминалите сторени од милитантите на ИСИС. Таа исто така побара и нападот врз Јазидите во 2014 да биде прогласен за геноцид.
Наградата ја доделува Советот на Европа, а со неа следува и паричен надомест од 60.000 евра.