Пред објаснување на целата студија, истражувачите нагласуваат дека нивниот труд објавен во журналот на Американската кардио асоцијација, ја документира врската меѓу суплементите од калциум и заболувањата, но не докажува дека тоа е причината.
Нивната главна порака е дека пациентите, посебно постарите кои имаат почеста навика на земање калциум како превентива и заштита на коските, треба ова прво да го проверат кај доктор.
Се проценува дека 43% од возрасните во САД земаат суплементи кои вклучуваат калциум. Претходните студии покажаа дека калциумот земен на овој начин, посебно кај постарите луѓе, "не стига до скелетот или не се исфрла комплетно преку урината... па тој мора да се акумулира во мекото ткиво во телото." Исто така се знае и дека како што човек старее така калциумот се таложи во аортата и останатите артерии.
"Кога е во прашање земање суплементи на витамини и минерали, посебно кај калциумот, голем број Американци мислат дека повеќе секогаш е и подобро. Меѓутоа нашата студија само ги надополнува претходните научни докази дека вишокот калциум во форма на суплементи може да му наштети на срцето и на васкуларниот систем," објаснува помошник директорот по превентивна кардиологија и помошник професорот по медицина на Џон Хопкинс Универзитетот, Ерин Микос.
Во студијата луѓето кои редовно внесувале калциум преку суплементи имале над 22% поголем веројатност да развијат некакво срцево заболување. Додека оние кои внесувале само од храна, над 1022 милиграми на ден, не покажале никаков ризик од развивање срцева болест.