Откако во август неколку сосема нови Ноут 7 експлодираа сами од себе, Самсунг собра стотици свои инженери под итно да проверат во што е проблемот и како тоа се случува. Откако тие не успеваат во дадениот рок да го реплицираат проблемот, заклучокот беше дека проблемот е до батериите за кои Самсунг има посебен добавувач. Иако вината и понатаму е на батеријата, тестерите на Самсунг до ден денес не успеваат да го повторат проблемот и да предизвикаат експлозија.
Уверени во заклучокот, тие ги повлекуваат телефоните им ги менуваат батериите, и им ги заменуваат на сите што ги купиле. Процесот се уште не завршен почнаа да се појавуваат извештаи дека и телефоните со заменети батерии експлодираат и прават пожар. Во рок од ден-два Самсунг прво им порача на сите корисници на Ноут 7 под итно да ги изгасат смартфоните, за потоа да објави дека комплетно престанува со производство на овој модел.
Ваквиот тек на настани предизвика пад на вредноста на Самсунг на берзата во Јужна Кореја за 8%, што е еднакво на 17 милијарди долари од пазарната вредност. На сето ова треба да се има предвид и лошиот публицитет што Самсунг го крка овие два месеца, посебно во време кога Епл го вади новиот Ајфон, а Гугл го презентираше Пиксел.
На пуштањето на Ноут 7 во продажба му претходеше редовната процедура и тестирања. Еден месец пред почетокот на официјалната продажба стотици бета тестери го имаа на располагање новиот уред, а тој им беше поделен и на партнерите на Самсунг од САД, како АТ&Т и Веризон. Никој од нив не идентификуваше, ниту пак пријави проблем што би можел да предизвика експлозија на смартфонот.
Она што тие го наоѓаат како грешка во батериите е што плочките биле премногу блиску поставени една до друга, заради што биле подложни на краток спој, кој подоцна предизвикува експлозија. Плус кај батериите биле откриени дефекти кај траката за изолирање и кај слојот негативни електроди.
Кога ги повлекуваат уредите со овие батерии Самсунг се префрла кај друг снабдувач, чии батерии немаат вакви дефекти. Самсунг почнува да ги заменува уредите со телефони со нови батерии, меѓутоа за кратко време почнуваат првите пријави на истиот дефект.
"Тие избрзаа да ги прогласат батериите за виновни. Мислам дека немаше ништо лошо кај нив или дека тие не беа главниот проблем.
Проблемот изгледа далеку покомплексен. Ноут 7 има повеќе можности и е далеку покомплексен отколку кој било друг телефон што бил произведен. Во трка да го надмине Ајфон, изгледа дека Самсунг во него стави толку многу иновација што тој не може да биде контролиран," изјавил Парк Чул-ван, поранешниот директор на Центарот за напредни батерии на корејскиот Институт за електроника и технологија.