Светската здравствена организација им препорача на сите влади на светов да ги репнат газираните пијалоци со данок до 50% за да се намали нивното конзумирањето, дебелината, дијабетесот од типот 2 и проблемите со забите.
Во истиот документ со кој се препорачува нивно оданочување од 20 до 50% се наведува дека субвенционирањето на свежиот зеленчук и овошје од 10 до 30% се покажало како ефикасен начин да се зголеми нивната употреба.
Според СЗО, даночното отежнување не треба да се задржи само на газирани и енергетски и тн спортски напитоци туку и на млека со вкус (чоколадни, со вкус на јагода и с), пијалоци кои се нудат за појадок па дури и 100% овошните џусеви. Последниве примери некогаш знаат да содржат и повеќе шеќер отколку газираните.
СЗО изрази загриженост дека нема да се постинат посакуваните таргети максимум 10% од дневните калории да бидат шеќери, иако препорачаната доза е 5% (околу 6 мали лажички шечер на ден, во разни облици).
Фактите велат дека од 8о-та до денес проблемот се дебелината се удвоил, 39% од возрасните имаат прекумерна тежина а 13% се дебелана.
Светската здравствена организација потенцира дека на глобално ниво дебелината (во развиените земји) денес убива повеќе луѓе од гладта (во сиромашните).
"Нутритивно, на луѓето не им е потребен шеќер во исхраната," порачува директорката на СЗО за исхрана и здравје.
За да покаже и пример, СЗО реши од овој 11 октомври да ги отстрани автоматите за пијачки во своето седиште во Женева и на следните состаноци на нејзините тела веќе да не се служат сокчиња.