Вести

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Нов закон во Белгија:

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Речник

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Армијата на САД вежба масовни погребувања војници

Инженерски единици на американската Армија повторно почнаа да обучуваат да копаат привремени масовни гробници на бојно поле, активност што ниту се практикувала ниту била потребна уште од Корејската војна во 1953 година. Низ обука поминуваат и свештеници. Целта е да се зачуваат телата на паднатите борци и достоинствено да се испратат со верски обреди. 

САД и Украина утврдија нов мировен план со 20 точки

Претседателот Зеленски го објави во целост новиот план за крај на војната во Украина, усогласен на преговорите со САД. Прашањето за територијална поделба го издвојува како најважно и за него сака да разговара директно со претседателот Трамп. И Путин е брифиран за преговорите на пратеникот Дмитриев со американските преговарачи Виткоф и Кушнер во Мајами.

Дојде време Европа и САД да учат од Кина како се прават коли

Помина времето кога Кина ги копираше европските и американските технологии за да изгради сопствена напредна индустрија. Сега Кина произведува и продава најмногу коли во светот, а „учителите“ се принудени да ја прифатат нејзината култура и прагматичност за да го забрзаат производството. Инаку може да бидат збришани од пазарот.

Како Путин ја доби војната, со мала помош од неговите пријатели

Три години Западот раскажуваше приказни за неизбежниот пораз на Русија. Време е да се соочи со неизбежен факт: Специјалната воена операција на Путин ги постигна своите најважни цели. Путин не ја освоил или потчинил Украина, или барем сè уште не, но ја разоткри фундаменталната слабост на Западниот сојуз и можеби трајно го расцепил.

Среден век, втора мајка

Западната цивилизација денес ги покажува истите критични симптоми како пред историското пропаѓање на Римското царство, по кое настапија десет брутални и мрачни векови. Луѓето не ги почитуваат, па и се подбиваат со жртвите дадени за денешната благосостојба и не веруваат дека токму со тоа ја водат цивилизацијата кон ново самоуништување.

Трамп инвестира во фузиски реактори

Акциите на Корпорацијата Трамп скокнаа за 70% по спојувањето со стартапот за нуклеарна фузија TAE Technologies, во договор вреден 6 милијарди долари. Критичари укажуваат на сомнително испреплетување на личното богатство на Трамп со неговите планови како претседател да поттикне развој на нуклеарни централи, кои им се неопходни на огромните центри за податоци.

Разбудените му објавија војна на Божиќ

Прославата на Божиќ на Западот се претвора во културно бојно поле. Разбудените го осудуваат Дедо Мраз дека е бел колонијалист, на учениците им се забранува да пеат коледарски песни, а божиќните пазари се преименуваат во „зимски“ за да нема религиозни конотации. Празникот чија традиционална цел е да ги зближи луѓето стана искривен одраз на општествената поделба.

Да, некои деца можеби починале од вакцини против ковид

Како можат медицински професионалци да дискутираат за „поволниот однос“ на ризик и корист на вакцините против ковид ако не се подготвени да го признаат нивниот најлош ризик? Со оглед на познатите факти, системот за јавно здравство треба да ги признае разумните докази за ризикот и да создаде стратегија за минимизирање на трагичните исходи, колку и да се ретки.

Руски олигарси бараат милијарди отштета од Киев и ЕУ

Повикувајќи се на системот за заштита на инвеститори во Европа, руски олигарси ја тужат Украина и бараат компензации од стотици милиони долари поради национализирани банки и компании. Русинот Михаил Фридман, на кој Европската Унија му ги замрзна сметките, ги обжали санкциите и бара отштета од 16 милијарди долари од Луксембург.

Кушнер и Виткоф туркаат проект за хај-тек Газа

Додека ја водат дипломатската офанзива за крај на војната во Украина, емисарите Џаред Кушнер и Стив Виткоф имаат време да промовираат нов проект за трансформација на Газа во хај-тек метропола. Ако на зетот на Трамп му пропадна обидот да направи луксузен хотел од бомбардираниот Генералштаб во Белград, како ли ќе излезе на крај со Хамас во Газа? 

Украина со бодликава жица запира дезертери

Додека војува со Русија на исток, Украина ги утврдува и западните граници кон своите сојузници преку кои се помасовно бегаат млади регрути и дезертери. Младите не сакаат да бидат жртвувани во корумпиран систем, во кој богатите плаќаат мито за да ја избегнат задолжителната воена обврска. Во рововите на фронтот заглавуваат сиромашните и чесните.

„Студените“ Швеѓани најмногу си веруваат

Иако ги бие глас дека се студени карактери, 83% од Швеѓаните имаат доверба дека луѓето околу нив се спремни да им помогнат, покажува анкета на центарот Пју. Како се оди на југ, оваа доверба се намалува и најниска е во земјите што важат за најсрдечни - во Турција, Бразил и Мексико. Довербата зависи од приходите, образованието и возраста, а не толку од религијата.

Русите го имаат Старлинк на нишан

Руските вселенски сили развиваат ново оружје со кое би можеле да ја уништат мрежата комуникациски сателити Старлинк на Илон Маск, која им помага на украинските сили во војната. Планот предвидува да исфрлат во ниска орбита облаци од шрапнели, кои како сачми би „собориле“ сателити, но постои ризик дека ќе уништат и сопствени или кинески.

Првата црна Британка всушност била бела

Низа англиски медиуми на чело со ББЦ пред една деценија ги идентификуваа мистериозните останки на жена од римско време како „првата црна Британка“ и ја прилагодија историјата кон кампањата за диверзитет, еднаквост и инклузија. Нова генетска анализа ја урива таа пропаганда и покажува дека жената од Бичи Хед всушност била античка русокоса Англичанка.

СЗО им се враќа на билките, акупунктурата и јогата

Од билкарството во Африка, до акупунктурата во Кина или индиските медитации, традиционалните лекови и третмани сè повеќе се покажуваат како ефикасни и заслужуваат поголемо внимание и истражување. Овие вековни практики сега може полесно да се проверат со ВИ, геномика и скенирања и да се вградат во здравствените системи.

Младата украинска „елита“ се убива за крипто далеку од фронтот

Додека илјадници млади Украинци гинат бранејќи ја својата татковина, нивните врсници од „елитните“ семејства на тајкуни и политичари ѕверски се убиваат по европските метрополи, каде што беа засолнети за да не одат на фронтот. Син на амбасадорка во Бугарија мачел и запалил свој другар, син на функционер од Харков, во обид да му ограби 200.000 долари во криптовалути.

Германските агенти ќе добијат дозвола за саботажи

Во нов нацрт-закон се предвидуваат темелни промени во германската разузнавачка агенција. Агентите на БНД, кои досега беа ограничени да бидат „пасивни шпиони“, ќе се изедначат со колегите од ЦИА и МИ6. Ќе добијат право да вршат саботажи во странство, да провалуваат во домови и да инсталираат шпионски софтвер во компјутери. 

Стармер крати пари за борба против руското влијание на Западен Балкан

Владата на Кир Стармер ја намали за 40% поддршката што им ја дава на земјите од Западен Балкан за справување со дезинформации и кибернетски напади, како и за зајакнување на демократијата. Невладини организации ја критикуваат одлуката како „поткопување на угледот на Британија“ и бараат повеќе пари за „борба против руската агресија“.

Кинески богаташи штанцаат наследници од сурогат мајки во САД

Инспирирани од Илон Маск, кој има „легија“ од најмалку 14 деца, кинески тајкуни ги користат лабавите закони за сурогат мајчинство и ин витро оплодување во САД за да создадат големи семејни династии. Еден се пофалил дека потрошил десетици милиони за да стане генетски татко на сурија од повеќе од сто деца на кои ќе им ја остави компанијата во наследство.

Џефри Сакс до Мерц: Научи историја!

Од 1990 година постојано се игнорираат, се потценуваат или директно се прекршуваат основните безбедносни грижи на Русија, честопати со активно учество од Германија, му порачува професорот Џефри Сакс на канцеларот Мерц. Оваа историја не смее да се игнорира ако Европа сака да заврши војната во Украина и да избегне трајна состојба на конфронтација.

Дигитални ЛК: Спремни ли сте да ве следат?

Политичарите низ Европа промовираат дигитални лични карти, издадени од владата, кои го поврзуваат идентитетот на секој човек со речиси сè што прави службено или приватно. Велат дека ќе го олеснат животот и ќе ги заштитат децата од опасни содржини. Критичарите предупредуваат дека ќе овозможат тотална контрола врз граѓаните и таргетирање поединци.

Водородот баш и не е спас од глобалното затоплување

Водородот долго време се сметаше за чисто гориво што испушта само водена пареа и со кое може да се надмине климатската криза. Всушност тој бил дел од проблемот, затоа што врзува прочистувачи на метанот и го задржува подолго во атмосферата. Без оглед на влијанието, масовно се затвораат капацитетите за производство на водород затоа што се скапи и нема купувачи.

East Gate Mall: Најмодерен трговски центар во регионот со светски стандарди за одржување

East Gate Mall продолжува да го поставува стандардот за тоа како треба да изгледа и функционира еден современ трговски центар. Како најголем, најмодерен и архитектонски највпечатлив центар во земјата, East Gate Mall секојдневно привлекува илјадници посетители кои очекуваат удобност и квалитет споредлив со најреномираните молови во Европа и светот.

ЕУ ќе мора со свои пари да ѝ ги плати сметките на Украина

Пропадна обидот на лидерите на ЕУ да ги грабнат замрзнатите руски милијарди за да ја затворат финансиската дупка на Украина во следните две години. Не го скршија отпорот на Белгија. Словачка, Чешка и Унгарија беа против алтернативниот план за користење пари од буџетот на ЕУ. Сметката од 90 милијарди евра ќе ја платат другите 24 членки.

Половина првачиња во Виена не разбираат германски

Децата во училиштата низ Австрија сè потешко комуницираат и следат настава, бидејќи немаат заеднички јазик. Првпат во историјата на Виена првачињата што го зборуваат германскиот јазик се во малцинство. Вкупно 50,9% од сите првачиња во оваа школска година се класифицирани како „ученици со посебни потреби“ бидејќи не разбираат германски.