Со повеќе инвестиции и употреба на модерна технологија може да се надмине историскиот недостаток на докази, поради кој беа отфрлени многубројни традиционални медицински практики, иако се покажуваат ефикасни, вели Шјама Курувила, која го води Глобалниот центар за традиционална медицина на Светската здравствена организација.
СЗО работи на нова глобална стратегија за традиционални лекови за следната деценија, со цел да го искористи потенцијалниот придонес на традиционалната и комплементарната медицина за здравјето и благосостојбата.
Ова вклучува планови за воспоставување робусна база на докази за практиките на традиционална медицина, развој на регулација на третманите и практичарите и за интегрирање во мејнстрим биомедицинската здравствена заштита.
Курувила вели дека Тајланд е добар пример за земја што ја прифаќа традиционалната медицина. Истражувачи ја следат и ја документираат традиционалната пракса и спроведуваат рандомизирани испитувања за да вклучат билни третмани на списокот со основни лекови во земјата. Во мај, Министерството за здравство на Тајланд им препорача на лекарите да се префрлат на традиционални лекови за одредени состојби, вклучувајќи болки во мускулите и запек.

Тоа важи за биомедицината, традиционалната медицина, хомеопатијата... ако доказите се променат, наша одговорност е да бидеме отворени. Мораме само да се држиме до доказите, вели Курувила.
Новите методи им даваат алатки на научниците да ја проучуваат традиционалната медицина на начин што порано не беше можен. Геномиката овозможува подобро разбирање на својствата на растението, а скенирања следат промени во мозоците на луѓето што медитираат.
Традиционалната медицина е ризница. Огромниот број луѓе кои работат во оваа област, вклучувајќи универзитетски образовани професионалци во клиники во Кина и Индија, би можеле да дадат огромен придонес за универзалното здравство, вели Курувила.