Во обид да го намалат користењето на фосилни горива многу енергетските гиганти инвестираа во капацитети за производство на водород, како алтернативен извор на енергија во транспортот и тешката индустрија, затоа што при согорувањето испушта само водена пареа.
Но, истражување објавено во списанието Nature покажува дека водородот всушност придонесол за зголемувањето на глобалните температури, затоа што ги апсорбира природни прочистувачи кои го уништуваат метанот, моќен стакленички гас кој има пократок животен век од јаглерод диоксидот.
Повеќе водород значи помалку прочистувачи во атмосферата, што го продолжува времето на разградување на метанот и на тој начин подолго ја затоплува атмосферата, објаснува Зутао Оујанг од Универзитетот Обрн во Алабама, еден од авторите на студијата.
Интеракциите на водородот со природните прочистувачи, исто така, влијаат за формирањето на облаци и произведуваат озон и стратосферска водена пареа, кои го зголемуваат стакленичкиот ефект.

Индустрискиот водород може да се произведе со електролиза - пуштање електрична струја низ вода за да се разложи на основните состојки. Сепак, поголемиот дел од индустрискиот водород денес се произведува од природен гас или јаглен во енергетски интензивни процеси кои испуштаат големи количини јаглерод диоксид.
Целта е да се произведува „зелен“ водород во голем обем користејќи обновлива енергија, но тој процесот е скап.
Поради слабиот интерес за користење, Германија се откажува од ова „гориво на иднината“ во кое вложуваше помеѓу 8 и 9 милијарди евра годишно. Големите нафтени компании само во текот на 2025 година откажале или замрзнале повеќе од 60 проекти за производство на вкупно 4,9 милиони тони водородно гориво – четири пати повеќе отколку сегашниот глобален капацитет.
******
Види и: Се распадна германското „водородно чудо“
Нафташите масовно се откажуваат од „зелениот“ водород