Половина првачиња во Виена не разбираат германски

Децата во училиштата низ Австрија сè потешко комуницираат и следат настава, бидејќи немаат заеднички јазик. Првпат во историјата на Виена првачињата што го зборуваат германскиот јазик се во малцинство. Вкупно 50,9% од сите првачиња во оваа школска година се класифицирани како „ученици со посебни потреби“ бидејќи не разбираат германски.

Лоша е и општата ситуацијата со образованието во Австрија. Во 2025 година имало 46.385 ученици кои не се во можност да следат часови поради непознавање на германскиот јазик. Ова се надоврзува на извештаите од минатата година дека над 75% од средношколците во Виена не зборуваат германски дома. 

Десничарската Народната партија ја префрла одговорноста врз владејачката коалиција.

Времето брзо изминува за нашиот град. Децата што не го познаваат германскиот јазик утре ќе бидат корисници на социјална помош, изјави Харалд Цирфус од ÖVP.

Неговата партија бара итни промени во политиката, кои не мора да опфаќаат какви било ограничувања на имиграцијата. ÖVP се залага за повеќе интензивни курсеви за учење германски, задолжително одење во градинка на сите деца со навршени 3 години и вработување повеќе воспитувачи во претшколските установи. 

Интеграцијата во нашиот општествен систем и нашето културно ткиво зависи првенствено од усвојувањето на јазикот Овие деца растат во семејства и затворени паралелни општества кои едноставно одбиваат интеграција. Сите деца од мигрантски семејства што учат германски со тешкотии, често пати само на основно ниво, се изложени да навлезат во животот на возрасните без квалификации и со ограничени кариерни перспективи, забележува Андреас Мелцер, коментатор во весникот Krone.

Мелцер додава дека учениците што не разбираат германски логично го попречуваат процесот на учење и наставата за другите деца.

Не е ни чудо што во Виена, ако можете да си го дозволите тоа, ги праќате вашите деца само во приватни училишта, забележа Мелцер.

******
Види и: Повеќе муслимански отколку христијански ученици во Виена

18 декември 2025 - 16:23