Вести

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Нов закон во Белгија:

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Речник

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Армијата на САД вежба масовни погребувања војници

Инженерски единици на американската Армија повторно почнаа да обучуваат да копаат привремени масовни гробници на бојно поле, активност што ниту се практикувала ниту била потребна уште од Корејската војна во 1953 година. Низ обука поминуваат и свештеници. Целта е да се зачуваат телата на паднатите борци и достоинствено да се испратат со верски обреди. 

Бавната смрт на СМС во Британија

Слично како што мобилните телефони ги истиснаа пејџерите од пазарот, така денес алатките за комуникација ги уништуваат навиките за испраќање кратки текстуални пораки, кои своевремено и се наплаќаа. Бројот на испратени СМС во Британија за една година се намалил за 20%, а мобилните телефони сè поретко се користат и за разговори.

Кина поврза 97% од градовите со супербрзи возови

Како вчера да беше кога пишувавме дека Кинезите за само десет години изградиле повеќе железнички линии за брзи возови отколку целиот свет заедно. По пет години тие веќе ја дуплирале километражата на над 50.000. И не планираат да запрат да ја шират мрежата, иако во земјата со повеќе од милијарда луѓе им снема градови за поврзување со воз.

Бети Буп и Мики Маус стануваат јавно добро

Во наредната 2026-та година од копирајт заштита на авторски и сродни права излегуваат илјадници дела од 1930-та година. Кој сака ќе може слободно да си игра, да копира или на друг начин користи одредени цртани со Мики Маус и Бети Буп а во јавен домеин влегуваат и дела на Агата Кристи и Вилијам Фокнер. Ама, само оригиналите. 

Банкротираат „револуционерните“ фарми за инсекти

Со огромни загуби пропаднаа иницијативите за изградба на огромни фарми за инсекти, за да ги сервираат како протеинска замена за месо во храната за риби, добиток и домашните миленици. Не е проблемот тоа што одвратните инсекти буквално не би ги јадело ни куче, туку строгите регулативи и високите трошоци за одржување на фармите и обработка на инсектите.

Полска мора да ја брани и границата со Германија

Додека Варшава најгласно во Европа предупредува на можен напад од Русија, масовно купува оружје и поставува мински полиња на источната граница, претседателот Навроцки порача дека Полска мора да биде спремна да ја брани и својата граница со Германија. Соседите сега се партнери во ЕУ и НАТО, но Навроцки предупредува дека историјата може да се повтори.

Меѓу светските лидери со највисок рејтинг нема ниту еден од Европа

Светските лидери ќе ја паметат 2025 како година во која ја изгубиле довербата од граѓаните. Оние во Азија и во Америка некако и се држат, но европските поминаа низ катастрофа. Францускиот претседател Емануел Макрон можеби немаше да биде убедливо на последното место ако со истражувањето беше опфатена и шефицата на ЕУ, Урсула фон дер Лејен.

Алцхајмеровата болест целосно излечена кај глувци

Успешен експеримент кај лабораториски глувци охрабрува американски научници дека се поблизу до третман за лечење на Алцхајмерова болест и кај луѓето. Планираат наскоро да почнат клинички испитувања. Со подобро разбирање на причините на болеста, идните пациенти би можеле да добијат персонализиран коктел лекови прилагоден на специфични услови.

Како функционира машинеријата за наративи на Брисел

За да контролира сè што секој зборува онлајн, Брисел користи стандардни државни алатки „за одбрана на демократијата и слободата на говорот“ - регулаторен притисок, санкции и визни забрани. Малкумина ја виделе вистинската мрежа на Брисел што стои зад етикетирањето на содржини како „дезинформации“, „хибридни закани“ и „дигитален суверенитет“.

Кога сателити снимија цунами високо 200 метри

Источниот крај на Гренланд ретко предизвикува интерес. И одеднаш, без никакво предупредување, сеизмичките инструменти низ целиот свет истовремено се размрдале со бавен и стабилен ритам што траел цели девет дена. Ниеден нормален земјотрес не се однесува на тој начин. Сателитските снимки покажале мега-цунами и нова лузна од планински дел кој исчезнал. 

Има четири различни видови аутизам

Напредокот во снимањето на мозокот, генетиката и компјутерската наука откриваат дискретни биолошки подтипови на аутизмот. Нови научни студии издвојуваат четири типови на оваа комплексна состојба, покренувајќи длабоки прашања за тоа дали аутизмот треба да се гледа како нешто што треба да се лечи или како суштински аспект на човековата разновидност.

Имами во Шведска украле 100 милиони долари од фондови за образование

Радикални исламистички имами со години управувале со лажни градинки и училишта во Шведска, украле стотина милиони долари од фондот за образование и побегнале од земјата. Парите ги префрлале на тајни сметки на Малта, ги трошеле во луксузни хотели и секс-клубови, па дури и финансирале радикална партија во Сомалија.

Вештачки интелигентно ѓубре го преплавува Јутјуб

Ново истражување покажува дека 20 проценти од алгоритамските препораки на новите корисници на видео платформата Јујуб ја сочинуваат ниско-квалитетни содржини креирани од вештачка интелигенција. Каналите кои ги нудат ваквите содржини имаат вкупно 63 милијарди прегледи и заработуваат околу 117 милиони долари годишно.

Дигиталниот образовен ентузијазам ја кошта Шведска 100 милиони евра

Првично 100 милиони а за 4 години 230 милиони евра ќе даде Шведска за да ги поправи грешките од заблудата дека хартијата и аналогното се надминати и треба да се заменат со таблети и дигитален пристап. Академските инстутуции реагираа а тестирањата покажаа дека децата им стануваат сè послаби во читање, пишување и учење. А и тоа што ќе го научат, побрзо го забораваат.    

Меѓународниот поредок опстанува заради наивноста на неговите критичари

Да се чуди човек колку Техеран упорно и жестоко се држи и се повикува на меѓународното право. Такви знаат да бидат и други (Кина, Русија...) кои веруваат дека ќе ги раскринкаат двојните стандарди на западните сили. Наивно. Меѓународното право не е некое  самостојно царство на правдата, тоа е само морална наметка на реалната моќ и системот на доминација. 

Гневот на генерацијата З го запали светот

Соочени со сегашноста во која половина од платата им оди на кирија и со неизвесната иднина во која машините и алгоритмите ќе им ги грабнат работните места, младите од генерацијата З не го смируваат гневот, туку настојуваат да го запалат стариот систем полн со корупција и бирократија. Во Непал буквално. Ги урнаа владите на Бугарија и Мадагаскар.

ЕУ крати од рециклираното во пластичните шишиња

Шишињата означени со „рециклирана пластика“ наскоро ќе содржат повеќе материјали директно од хемиски фабрики. Властите на ЕУ го менуваат начинот на кој се мери количината на пластичниот материјалот во производите. Освен физичкото дробење, за „рециклирање“ ќе ги прифаќаат и хемиските обработки на суровини, со кои се додава восок и фосилни горива.

Што кога мозоците во тегла ќе станат свесни?

Откако пред една деценија почнаа експерименти со мозочни органоиди - ткива со големина на грашок што имитираат делови од човечкиот мозок заради проучувања, овие „мини мозоци“ развија цел спектар на мозочни клетки. Развојот го блокираат етички прашања: Што кога овие органоиди еден ден ќе чувствуваат болка или ќе станат свесни? И како би знаеле за тоа?

Војната им го зајакна националниот идентитет на Русите

Русија денес е различна земја од онаа што влезе во војната, со поголемо чувство на социјална кохезија и доверба во сопствената одржливост како нација. Економијата ги издржа санкциите, а културата се препороди. На краток рок, тоа ќе ја одржи јавната поддршка да продолжи војната. Долгорочно, ова може да доведе до длабоки промени во идентитетот на Русија.

Мала им е Земјата за сервери за ВИ

Технолошките гиганти планираат да ги спојат своите најпрофитабилни бизниси – центрите за податоци и вселенските мисии. Новата луда идеја е да градат центри во вселената, каде што Сонцето е неисцрпен извор на енергија, и каде што нема бирократски пречки и регулативи. Откако ги истиснаа вселенските агенции од бизнисот, може ли некој да ги спречи?

Владата на Стармер потрошила над милион фунти на инфлуенсери

Британската влада целосно ја менува стратегијата во односите со јавноста. Ги укинува вообичаените брифинзи со новинари и засилено ангажира инфлуенсери за да допре до младите генерации, кои се активни по социјалните мрежи и не гледаат телевизија. На влијателните мегафони што не поставуваат незгодни прашања биле потрошени над 1 милион фунти.

„Зелените“ фондови на ЕУ финансираат уништувања и смрт

Инвеститори што вложуваат пари за заштита на природата и општествена одговорност всушност финансираат војни, уништувања и убиства на цивили. Под притисок на лобистите, Европската Унија овозможи механизам за префрлање десетици милијарди евра од зелените фондови за борба против климатските промени во индустријата за производство на тенкови, авиони и муниција.

Дуров: Макрон ја претвора Европа во дигитален гулаг

Основачот на платформата Телеграм го обвинува францускиот претседател Макрон дека со агресивни политики за цензура и со мерки за масовно надгледување настојува да ја трансформира Европа во „дигитален гулаг“. Ова завчера го порачаа и САД, со воведувањето санкции за поранешниот француски еврокомесар Бретон поради воведување цензура.

Берлин им се враќа на бетонските блокови

Изградбата на згради од модуларни блокови повторно е во мода во Берлин. Се промовира како евтина и практична „технологија на иднината“. За малку постарите берлинци, ова е враќање кон минатото. Но, немаат голем избор. Кризата со домови, падот на индустријата и зголемените трошоци ги принудуваат да штедат како во поранешната Источна Германија.

Британија нема да ги гони онлајн кавгаџиите како криминалци

Британската полиција повеќе нема да истражува „инциденти од омраза“, освен ако не се поврзани со криминални дела, и ќе ги избрише од своите евиденции илјадниците досегашни случаи. На полицајците што досега трошеа по 60.000 часа годишно за да бараат омраза во секој твит ќе им се ослободи скапоцено време да бркаат вистински криминалци и да ги обезбедат граѓаните.