„Кога едно уметничко дело инспирира друго, тоа е начинот на кој јавниот домеин ја поттикнува креативноста,“ велат двајца професори од Дјук во анализа на делата на кои им завршува строгата авторска заштита.
Од областа на книжевноста, од копирајт заштита излегува романот од 1930 година „Додека лежев умирајќи“ на Вилијам Фокнер и „Смртта во викаријатот“ на Агата Кристи.
Звучните снимки се ослободуваат по 100 години па во јавен домин влегуваат "Nobody Knows the Trouble I've Seen" на Мериен Андеерсон:
Како и снимката на "The St. Louis Blues" на Беси Смит и Луис Армстронг:
Од музичките компзиции, копирајт заштита веќе немаат "Georgia on My Mind" на Стјуарт Гоел и Хоаги Хармајкл:
И „Dream a Little Dream of Me“, која ја популаризираа Ела Фицџералд и Луис Армстронг:
Слободна станува филмската верија од 1930 на „На Запад ништо ново“ како и девет долгометражни филмови со Мики Маус, од она време кога за првпат се појавува кучето Ровер кое подоцна стана познато како Плуто.
Важно: Копирајт заштитата им престанува само на оригиналните верзии на спомнатите дела, оние од 1930 година. За употреба на подоцнежните преработки на тие дела уште може некому да му се искомплицира животот. Правата на трговски марки сè уште важат за имиња и дизајни кога се користат на стока.