Кога сателити снимија цунами високо 200 метри

Источниот крај на Гренланд ретко предизвикува интерес. И одеднаш, без никакво предупредување, сеизмичките инструменти низ целиот свет истовремено се размрдале со бавен и стабилен ритам што траел цели девет дена. Ниеден нормален земјотрес не се однесува на тој начин. Сателитските снимки покажале мега-цунами и нова лузна од планински дел кој исчезнал. 

Пулсот на сизмичките инструменти се зголемувал и се намалувал рамномерно на секои 92 секунди. Тресењето било премало за луѓето да го почувствуваат, но доволно силно за да ја потресе карпестата подлога од Алјаска до Австралија.

Типичен земјотрес не се однесува така.

Научниците набргу го поврзале сигналот со фјордот Фјордот во Гренланд, тесен залив опкружен со карпи високи речиси еден километар од секоја страна. Новите сателитски снимки покажале тазе лузна каде што дел од планината исчезнал. Нешто колосално ја погодило водата и го покренало фјордот.

На 16 септември 2023 година, речиси 25 милиони кубни метри карпи и мраз - доволно за да се наполнат 10.000 базени со олимписка големина - се одвоиле и се урнале во Диксон. Ударот предизвикал мега-цунами бран, кој достигнал висина од околу 198 метри. Бранот се движел по коридор од 3,2 километри, се одбивал од 'ртот и се враќал назад, уништувајќи ја комплетната опрема вредна околу 200.000 долари на празен истражувачки пункт на островот Ела.

Компјутерските модели подоцна покажаа дека површината се издигала а потоа тонела во постојан ритам што притиска на морското дно како џиновски клип.

Сеизмичките станици кои обично регистрираат френетични чкртаници за време на земјотреси, овој пат, исцртувале мазни врвови распоредени на минута и пол еден од друг, што траело со денови.

Мистеријата привлекла седумдесеттина истражувачи од четириесет и една институција кои со интердисциплинарен напор успеле да го состават мозаикот на она што се случило.  

Истражувачите сега пребаруваат низ сеизмичките архиви барајќи слични патерни со бавни импулси, кои би можеле да откријат други природни катастрофи од минатото кои досега не биле регистрирани.

29 декември 2025 - 12:00