Илон Маск и Сем Алтман сериозно се посветија на фантастичната физија на научникот Фримен Дајсон, кој во 1960-тите предвидуваше дека ќе дојде време кога нашата или некоја туѓа цивилизација ќе развие мега-конструкција од соларни генератори околу својата ѕвезда што ќе бидат извор на практично бесконечна енергија. Неговиот концепт беше наречен Дајсонова сфера и се користи за да се опише напреден степен на цивилизација.
Сем Алтман промовира сопствена верзија за оваа футуристичка визија.
Претпоставувам дека со тек на времето голем дел од светот ќе биде покриен со центри за податоци. Можеме да ги префрлиме во вселената. Можеби ќе изградиме голема Дајсонова сфера, изјави неодамна Алтман.
Неговата компанија Опен АИ планира да вложи 1.400 милијарди долари за дигитална инфраструктура. Слични идеи има и неговиот конкурент Илон Маск, кој ја поседува најмоќната вселенска компанија Спејс Икс.
Сателитите наскоро ќе бидат најевтиниот начин за генерирање битстримови од вештачка интелигенција, порача Маск на Икс.
Во трката се вклучени и мали стартапи. Старклауд во ноември го лансираше својот прв експериментален сателит што во вселената однесе графичка картичка со процесори на Нвидија.
Многумина тврдеа дека во вселената не може да се користат овие моќни чипови. Покажавме дека може, изјави директорот Филип Џонстон.

Долгорочниот план на Старклауд е да се лансира центар за податоци од 5 гигавати, кој би се напојувал со струја од огромна соларна плоча со димензии од 4 на 4 километри. За споредба, центарот за податоци што го гради Мета во Луизијана треба да биде со површина на мал град.
Компанијата Lonestar Data од Флорида лансираше микроцентар на податоци со големина на лаптоп, вграден на модулот Атена што требаше да се спушти на Месечината. Мисијата пропадна, откако Атена се преврти на страна при спуштањето и откажа контрола. Планот на Lonestar е да развие центар за податоци во лунарна орбита за да служи како систем за чување копии на критични податоци.
Вселенската компанија Аксиом од Хјустон пред неколку месеци лансираше модул за центар за податоци до Меѓународната вселенска станица за да спроведува експерименти и планира да лансира целосно функционален јазол до 2027 година.

Гугл планира развие свој проект Санкечер, врз основа на пресметките дека центарот за податоци во орбитата напојуван од соларни плочи ќе биде до осум пати попродуктивен отколку на Земјата. Лансирањето на прототип е планирано за 2027 година.
Вселената ќе биде најдобро место за пресметки за вештачката интелигенција, тврди Гугл.
Џеф Безос, основачот на Амазон, развива слична технологија преку својата компанија за вселенски летови Блу Ориџин.
Џонстон од Старклауд истакнува дека неговиот проект зависи од Спејс Икс, кој денес практично има монопол за лансирања. Изградбата на центри во вселената ќе бидат поисплатливи кога ќе се усоврши ракетата Старшип, со што ќе се намали цената на лансирање.
Цената денес е околу 5.000 долари за транспорт на 1 килограм товар во вселената. Границата на исплатливост е околу 500 долари. Спејс Икс се стреми со Старшип да постигне трошоци од 10 до 20 долари од килограм, што за клиентите би било 50 долари, објаснува Џонстон.