Европската комисија соопшти дека целта на новиот пакет мерки е да им дозволи на компаниите да користат нова технологија позната како хемиско рециклирање за да ги исполнат задолжителните цели за составот на пластичните шишиња. Од производителите веќе се бара во новите шишиња да користат 25% рециклирани материјали, а од 2030 година 30%.
Секторот за рециклирање пластика во ЕУ веќе се соочува со намалено искористување на капацитетите, значителни финансиски загуби и, во некои случаи, банкротирања, забележува Комисијата во предлогот.
Според сегашните правила, само материјалот што произлегува од механичко рециклирање - мелење на пластичниот отпад заради повеќекратна употреба - може да се смета за рециклирана содржина.
Хемиското рециклирање претвора пластики во основни хемикалии за да се направат нови производи преку мешање со восок, асфалт и гориво. Честопати како суровина се користи мешавина од потрошувачки отпад и „девствена“ пластика од фосилни горива.
Новите правила им налагаат на производителите да пресметаат колку полимери има и во потрошувачкиот отпад што го користат како суровина - на пример амбалажи, капачиња или шишиња, и ќе можат тие содржини да им ги припишат на новите производите нерамномерно, освен во случај на горива. Тоа значи дека пластично шише со етикета „30% рециклирана пластика“ реално содржи многу помалку.
Хемиската индустрија, која има корист од оваа одлука, тврди дека се потребни сите технологии за справување со пластичниот отпад.
Еколошки групи и механички рециклатори од друга страна ја сметаат за „зелено перење“ – претставување на технологија како еколошка, иако реално не е.