Шведска решителни оди кон ограничување на дигиталните алатки во училиштата, правејќи пресврт во начинот на кој една од дигитално најнапредните нации во Европа пристапува кон образованието.
Како реакција на регистрираниот пад на вештините за читање и пишување кај децата, владата сега многу инвестира во печатени учебници, структурирано време за читање и аналогни алатки за настава.
Одлуката ги поништува годините на политика на дигитално предимство и воведување екрани на сите нивоа на образование, вклучувајќи таблети во предучилишните установи и онлајн проценки во основните одделенија.
Ова го сугерираа низа истражувања кои покажаа дека прекумерното време поминато пред екран е поврзано со намалена концентрација, полошо читањето и полесно „испарување“ на знаењето кај помладите ученици.
Првично издвоиле над 100 милиони евра за постепено укинување на учењето преку екран во раното образование. Реформите вклучуваат задолжителни печатени учебници, нови ограничувања за мобилни телефони и намалено дигитално тестирање.
Шведскиот училишен систем се пренасочува кон базична писменост, ракопис и совладување на предметите.
Последниве години, шведските ученици покажаа мерлив пад во критериумите за писменост. Иако Шведска сè уште е рангирана меѓу првите 10 земји, трендот на намалување предизвика загриженост и државата реагираше.
Во 2026 година, на секој ученик ќе му биде обезбеден еден печатен учебник по предмет. Иницијативата предвидува 4 годишен буџет од 230 милиони евра за купување учебници, водичи за наставници и книги за белетристика и документаристика за училишните библиотеки.
Клучна улога во промена на пристапот одиграа истражувањата од шведските академски институции. На пример институтот Каролинска кој предупреди дека дигиталните алатки можат негативно да влијаат на вниманието, разбирањето при читањето и социјалниот развој, особено кај помладите деца. Притоа побараа да се стави поголем акцент на печатените материјали и наставата водена од наставници.
Овој став е во согласност со меѓународните препораки. Во својот Извештај за глобално следење на образованието за 2023 година, УНЕСКО предупреди дека технологијата во образованието треба да се користи претпазливо и само кога недвосмислено е во функција на учењето. Извештајот ги охрабрува владите да се осигурат дека дигиталното нема да ја замени интеракцијата со наставниците или да ја поткопа академската ригорозност.
Шведските измени се протегаат и на програмата за предучилишна возраст. За деца до две години само аналогни алатки, физички книги и тактилни материјали, а за постарите ограничено време поминато пред екрани и тоа само за учење.
