Вести

Палантир го крие ќарот во Европа за да не плаќа даноци

Компанијата на Питер Карп и Алекс Тил, озлогласена поради производството на системи за надзор, го пријавува речиси целиот свој профит во САД, иако голем дел од приходите ги остварува во Европа, што овозможува значително намалување на даночните обврски. Палантир пријавува профит од 47,7 центи на секој 1 долар приход во САД, а во Европа вештачки ја спушта маржата на само 3%.

90% од пожарите во Франција биле предизвикани од луѓе

Шумските пожари што опустошија стотици илјади хектари од Шпанија до Грција им послужија на климатските активисти и медиумитекако доказ за катастрофалните последици од климатеките промени. Всушност, во речиси 90% од случаите пожарите во Франција биле предизвикани од луѓе, а една третина биле намерно подметнати.

Браќата Тејт се поопасни за Трамп од Епстин

Последиците од апсењето на Ендру и Тристан Тејт би можеле да прераснат во голем проблем за Трамп, неговото семејство и политичкото движење МАГА, тврди новинарот Брајан Бјутлер. Врските на синовите на претседателот со браќата обвинети за педофилија и трговија со луѓе се многу понови и појасни отколку оние со Џефри Епстин.

Речник

Нов хируршки зафат врз фетус спасува бебиња од големи маки

Хирурзи во Тексас успеале со нов тип зафат да спасат неродено бебе на кое поради редок феномен цревата му растеле надвор од телото. Со експериментална и минимално инвазивна хирургија успеале да му ги вратат органите во абдоменот пред да се роди. Оваа аномалија денес се третира со повеќе постнатални операции и со повеќемесечен престој на интензивна нега.

Мексикански Бетмен врзува крадци по бандери

Самопрогласен борец против криминалот во мексиканската држава Халиско ги лови крадците на точаци и мотори и ги остава врзани за бандери, со натписот „крадец“ на нивните чела. Наместо да ги лови крадците, полицијата почна да го лови одмазникот, кој во заедницата доби статус на локален суперхерој. Никој не му го открил идентитетот.

Правични избори се математички невозможни

Математички анализи покажале дека ниту еден од актуелните изборни системи низ Европа не може совршено да ги усогласи локалната застапеност, пропорционалните резултати на национално ниво и парламент со фиксен број пратеници, кога бројот на партиите ќе надмине одреден праг. Државите сами избираат од кој критериум да се откажат за да обезбедат фер резултати.

Телефоните и лаптопите ќе поскапуваат

Идните мобилни телефони сигурно ќе поскапуваат. Виновна е вештачката интелигенција која има предност во набавката на напредни чипови, мемории и ССД-а, поради што потрошувачката електроника која ги користи истите елементи останува во втор план. Вештачката интелигенција уште сега го гуши ланецот на набавка.  

ФДА нема да ја одобри новата мРНК вакцина за грип

Американската Админстрација за храна и лекови најави дека нема да ја одобри новата експериментална вакцина за грип со мРНК технологија, иако производителот Фајзер тврди дека е поефикасна од стандардната. Комесарот за безбедност на лековите забележа дека истражувањата не покажале никакво подобрување кај возрасните лица, кои најчесто се вакцинираат.

Англичаните со коли на струја ќе плаќаат акциза од километар

За да ја пополни буџетската дупка поради напуштањето на колите на бензин и дизел, Британија најави нова акциза што за 200-300 фунти годишно ќе ги оптовари сопствениците на коли на струја. На оние што ги полнат колите во гаража на евтина струја патувањето ќе им остане поевтино, но ако ги полнат батериите на јавни станици, ќе плаќаат повеќе отколку да возат бензинци.

Шведски банди собрале стотици милиони од лажни боледувања

Илјадници измамници во Шведска со години црпат средства од системот за социјални бенефиции и ги префрлаат кон криминалните групи, овозможувајќи им сигурен и легален извор на финансирање. Со лажни боледувања и помош за невработеност собрале стотици милиони евра. А, плус добиваат и семеен додаток, зашто бандитите официјално немаат легални приходи.

Зошто корупцискиот скандал е катастрофален за Зеленски

Зеленски ќе го опреживее огромниот корупциски скандал во кој падна неговиот шеф на кабинет и главен преговарач Андреј Јермак, но проблемот не можеше да дојде во полошо време. Украинскиот претседател го изгуби поголемиот дел од својот топ тим а наскоро би можел да ја изгуби довербата на своите европски поддржувачи. Зошто би давале пари ако тие завршуваат во нечии џебови?

Технолошките филантропи му биле „корисни идиоти“ на Клаус Шваб

Глобалистичкиот филантропско-политички комплекс никогаш не се залагал за помош на заедниците, туку за зголемување на влијанието на мала група моќници што управуваат од сенка, тврди поранешната сопруга на основачот на Гугл. Во таа шема, елитата од Силициумската долина била искористена како „корисни идиоти“ за финансирање на глобални идеолошки проекти. 

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2025/2026

Осумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2025/2026 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на Фондацијата и на двата факултета, како и од претставници од редовите на студентите.

Демографските утки на ОЕЦД ги празнат пензиските фондови

ОЕЦД веќе четири децении објавува катастрофално лоши демографски проекции кон кои владите потоа ги прилагодуваат своите политики за пензиите и враќањето на долговите. Критичари велат дека ова не е случајно. Признавањето дека населението се намалува би ги загрозило економските модели врз кои се потпира модерното општество.

Чии се златните резерви на Италија, на Банката или на народот?

Пратениците од десничарската коалиција на Џорџа Мелони вршат притисок златните резерви на Италија да бидат прогласени за „сопственост на италијанскиот народ“, а не на Централната банка. Тоа не значи дека Италијанците преку ноќ ќе се збогатат, туку дека владата ќе може да го продава златото за да ги затне дупките во буџетот и да ги плаќа долговите.

ФДА признава: Здрави деца настрадале од вакцините за ковид

Вакцините против ковид придонеле за смрт на најмалку 10 здрави деца што не биле загрозени од вирусот, потврдила внатрешна истрага на Администрацијата за храна и лекови на САД. Врз основа на оваа истрага директорот на Центарот за истражувања во ФДА најави воведување нови стандарди за безбедност и построг пристап за одобрување на вакцини. 

Трамп ќе го помилува нарко-претседателот на Хондурас

Доналд Трамп ненадејно најави дека ќе го помилува поранешниот претседател на Хондурас, Хуан Орландо Ернандез, осуден во САД на 45 години затвор поради трговија со дрога. Вели дека Ернандез бил третиран „сурово и неправедно“. Не е само Трамп. И администрациите на Обама и Бајден го поддржуваа човекот кој се заканувал дека „ќе го наполни со дрога носот на грингосите“.

Науката брза да создаде чоколадо без какао

Eксплоатирано до крајност, какаото повеќе не може да го задоволи глобалниот апетит за чоколадо. Природата го создала да вирее само во тесен појас околу екваторот, особено во Африка. Во битка за пазарот од стотина милијарди долари годишно, технолози, ботаничари и генетичари развиваат алтернативни чоколади што ќе го прелажат истенченото сетило за вкус. 

Водните резерви на Европа се сушат

Пред неколку дена пишувавме за проблемот со вода во Иран. Истиот проблем сега е пред портите на Европа. Огромни волумени од водните резерви на Европа се исцрпуваат, открива нова анализа која користела сателитски податоци од две децении. Складирањето на слатка вода се намалува низ јужна и централна Европа, од Шпанија и Италија до Полска и делови од Велика Британија.

Јапонија нејќе ширeње на муслиманските гробишта

Јапонска пратеничка категорично се спротивстави на барањата од странци, особено од муслимани, за проширување на гробиштата. Филозофијата на Јапонците е дека увезуваат труд, но не прифаќаат наметнување обичаи или закони што се спротивни на домашната традиција и култура. Не случајно пред 13 века решиле да ги кремираат мртвите - за да остане повеќе простор за живите.

Зеленски им остава на корумпирани соработници да ја решаваат судбината на Украина

Се чини дека примањето мито и лојалноста кон претседателот се главните адути за позицијата што ја решава судбината на Украина. Откако го смени корумпираниот Јермак, претседателот Зеленски за шеф на преговарачкиот тим постави друг лојален сојузник, вмешан во истиот скандал, а на Американците им се жали дека „антикорупционерите му ги саботираат напорите за мир“.

За колапсот на белоруската про-западна опоцизија

Светлана Циханоускаја од западните влади и медиуми беше прогласена за спасител и легитимен лидер на Белорусија. Но, протечени е-пораки откриваат дека нејзината сè понепопуларна кампања за власт во Минск речиси пропаднала под товарот на корупциски скандали и внатрешни борби. Бранот обелоденети скандали ги натера странските спонзори постепено да ја напуштат нејзината крстоносна војна за соборување на Лукашенко.

220 судии против Трамп

Американските пониски судови се преплавени од судски процеси покренати од луѓе кои ги погоди новата политика на мигрантската служба на државата која, иако таму се со децении, ги третира како новодојденци. Притоа, голем и сè поголем број судии, вклучително и оние кои се назначени од Трамп, ги укинале досудените притвори сметајќи ги за противзаконски.   

За едно место во државна служба 6.000 кандидати

Отворањето и пазарните реформи ја направија сиромашната Кина втора економска сила во светот, земја со 450 милијардери, но за многумина Кинези останало старото добро правило - државна работа си е државна работа, пристојна плата и безбедна позиција до пензија. За исцрпувачкиот испит за државна служба што ќе се одржи овој викенд се пријавиле милиони кандидати.

Фаучи го организирал масовното криење на изворот на ковид

Ентони Фаучи, шефот на здравствената политиката на САД од времето на пандемијата, бил целосно вклучен во масовните напори за прикривање на потеклото на коронавирусот, тврди првиот човек на Администрацијата за храна и лекови. Фаучи ги притиснал експертите за здравство да ја прифатат неговата теорија дека вирусот не потекнува од лабораторија.

Хомофобија кон човек кој те тепал?

Британска самохрана мајка на четири деца е осудена за злосторство од омраза поради испратени СМС пораки во кои човекот што ја претепал го нарекла „педер“. Ја пријавила пријателка на која ѝ ги испраќала пораките а со која се скарале за нешто. Дотичниот никогаш не бил гонет. 

Европскиот грабеж на руските милијарди ќе ги уништи мировните преговори

На Европската комисија ѝ се брза да ѝ заплени 140 милијарди евра на Русија, затоа што нема свои пари за да го финансира Киев, банкротиран поради војната. По тие пари посегна и Трамп во оригиналниот мировен план. Белгискиот премиер упорно се спротивставува на грабежот и предупредува: „Зошто Русија би преговарала со оние што ѝ ги крадат парите?“

САД не ги проверуваат платениците што ги прибираат кај себе

САД со авиони префрлиле 76.000 Авганистанци без долгорочен план што потоа со нив. Не можат да пронајдат терористички врски меѓу евакуираните соработници поради претпоставката дека „тие не можат да бидат терористи затоа што се бореле против талибанците“. И напаѓачот што ги застрела двајцата гардисти во Вашингтон ја поминал проверката и се покажал како чист.

ЕУ планира хибридни напади врз Русија

Покрај дефанзивните мерки за заштита од руските провокации, како изградбата на „ѕид против дронови“, Европската Унија ја разгледува и опцијата да возврати со хибридни напади насочени против Москва. Уште нема конкретни детали што би опфаќала „контраофанзивата“, но се спомнуваат кибернетски упади или одржување воени маневри покрај границите на Русија.

Техеран го обвинува Берлин за хемиското оружје на Садам

Иран бара од Германија да прифати одговорност за соработка со режимот на Садам Хусеин за време на Иранско-ирачката војна пред речиси половина век. Хемиското оружје што Садам го употребувал против Иран за време на војната го добивал од германски компании. Холандија веќе осуди бизнисмен што им испраќал состојки за солзавец на Ирачаните.