Расте истражувачката љубопитност дали времето поминато во паркови, шуми и природа може да зајакне заштита од инфекции како што се ковид или пневмонија, воспалителни состојби како астма, емфизем и бронхитис па дури и рак.
„Допри трева“ е слоганот за да се престане со користење на електронски уреди и да се излезе надвор. Тоа е дел од древното верување дека природата е добра за нас. Древните Келти пропишувале седење покрај одредени растенија како лек за одредени заболувања, а во Јапонија, шумското капење (шинрин-јоку) е традиционална практика на поминување време во шума за здравје. Јапонија тоа го усвои како национална здравствена стратегија, со терапевтски бази во шумите низ целата земја. Јужна Кореја, исто така, менаџира најмалку 76 „лековити шуми“ и интегрира шумска терапија - бавно одење, длабоко дишење или медитација во шумите - во својата Национална стратегија.
Многумина жители на урбани средини ќе посведочат дека пешачењето и кампувањето во природа ги смирува и им го намалува стресот. Тоа чувство можеби се должи на тоа дека прават нешто забавно наместо да работат но постои и друго објаснување: луѓето еволуирале ВО природата. Истражувања сугерираат дека потопувањето на сетилата во треперењето на лисјата, шарената светлина, црцорењето на птиците или жуборењето на потокот го смирува автономниот нервен систем, го подобрува расположението и имунолошката функција.
Смирувачкиот ефект не е чисто субјективен. Биле измерени намалени нивоа на хормоните на стрес како што се кортизолот и адреналинот, пулсот и крвниот притисок откако луѓето ќе поминат време во природа.
Дури и самиот мирис на шумите не е само пријатен туку и корисен. Овие ароми доаѓаат од фитонциди - биохемиски соединенија што имунолошкиот систем на растенијата ги испушта за да се заштитат од инсекти, бактерии, протозои и габи. А докажано е дека човечкиот имунолошки систем реагира позитивно на нив. Студии покажале дека некои имаат антибактериски, антифунгални и антивирусни својства и можат да помогнат во борбата против инфекциите, особено на дишните патишта.
Да ве потсетиме на нешто: