Вести

Од 44 цели за храната, светот ќе ја исполни само најбаналната

Светот е на добар пат да исполни само една од 44-те глобални цели за заштита и развој на прехранбените системи до 2030 година, и тоа веројатно најбаналната - бројот на претплати за мобилни телефони. Најголемо е потфрлањето во остварување на целите за намалување на емисиите на стакленички гасови. Во некои категории е забележано назадување.

Ризикот да се премине Ормуз чини милион долари на ден

Војната во Иран создаде сосема нова категорија милионери кои профитираат од високата цена на нафтата и огромната глобална побарувачка - бродосопственици кои испраќаат танкери преку блокираниот Ормуски проток, со надеж дека Иран или САД нема да им ги потопат. Ако поминат, дебело го наплаќаат ризикот: по 1 милион долари за секој ден пловење до Кина.

САД ќе почнеле војна со Кина поради лоша проценка на ВИ

Реагирајќи на разузнавачка проценка на алатка со ВИ дека кинески брод носи нуклеарни компоненти за Иран, американските воен сили наредиле акција за преземање на бродот, но во последен момент ја откажале. Проверката покажала дека алатката направила погрешен заклучок. Инцидентот бил сериозен и интервенцијата можела да ескалира во војна со Кина.

Речник

Што толку згреши ЕУ за да ја заслужи Урсула?

Во монотон и празен говор за Состојбата на Европската Унија, Урсула фон дер Лајен ги спомна сите омилени фрази од бриселскиот жаргон и најави нови иницијативи. А сепак, не понуди никакви вистински одговори за огромните проблеми со кои се соочува блокот и за кои делумно самата е одговорна, заедно со другите еврократи.

Трамп сака бизнис со Москва пред да заврши војната

Откако Конгресот му ги прошири овластувањата да воведе построги санкции за Москва, Трамп планира да склучува деловни договори со Русија, со единствен услов да бидат замрзнати сè додека не заврши војната во Украина. Потпишувањето договори со одложена реализација би требало да ги убеди јастребите во Кремљ дека САД сериозно настојуваат да ги ресетираат односите. 

Економската бесмисленост на бесплатниот автобуски превоз

Демократскиот социјалист Зохран Мамдани во кампањата за градоначалник на Њујорк ветуваше бесплатен автобуски превоз. Тоа е непресушна тема за популистите, затоа што редовно пали кај гласачите. Но, искуствата од други градови покажуваат дека од економска гледна точка, бесплатните автобуси се ужасно решение, од кое се чини дека веќе се откажува и Мамдани.

САД фрлиле 1.600 милијарди долари на банални и опасни проекти

Извештајот Фестивус на сенаторот Ренд Пол за расипничките трошоци на федералните власти вообичаено служи за отрезнување на Американците по новогодишното празнување. Во време на рекордно задолжување, САД потрошиле стотици милијарди долари на банални проекти како опивање ласици и дрогирање кутриња, но и на експерименти со вируси во Вухан. 

Европа остана без свој интернет

Европската Унија многу заостанува во развојот на дигиталната инфраструктура, поради што е целосно зависна од американските технолошки компании. „Наместо да го насочиме фокусот кон тоа како да ги запреме американските гиганти, можеби треба да ја вложиме нашата енергија во градење нешто сами“, предупредува врвен експерт за кибернетска безбедност.

Британија вакцинира деца против овчи сипаници

Британските власти прв пат досега воведуваат имунизација против овчи сипаници за деца, на незадолжителна основа. Сипаниците вообичаено не се опасни и децата ги прележуваат за недела или две, но целта е да се скрати отсуството на родителите од работа додека се грижат за своите деца. Загубите од продуктивноста се проценети на 24 милиони фунти годишно.

ЦИА ги научила Украинците да ја гаѓаат Ахиловата пета на Путин

И покрај тоа што Трамп престана да ги поддржува воените напори на Киев, ЦИА продолжила да им помага на Украинците со доставување разузнавачки информации и ги поучила дека нафтената инфраструктура е најслабата точка на руската воена машина. Нападите врз рафинерии и танкери ѝ прават трошок на Русија од 75 милиони долари на ден. 

Тероризам е тероризам, профит е профит

Ирските телефонски оператори одбиле да ја блокираат мобилната мрежа за да ги спречат терористите од ИРА што активирале бомби со телефонски повик, откриваат новообјавените документи. Операторите се ваделе дека нема законска рамка за гаснење на сигналот за сите корисници и барале државата целосно да им ги надомести загубите.

Естонците се дигитализираат до коска

Во незапирливиот бран за дигитализирање на сите услуги и лични податоци, Естонија создава и централна база со ДНК на пациентите, со цел да го подобри здравствениот систем. На критиките дека Естонците ќе ја изгубат и биолошката приватност ако некој ги пробие компјутерски сервери, властите одговараат дека здравствените картони во фиоки се уште помалку безбедни.

Во името на Чет, ГПТ и светиот Грок

Ерих Фром пишуваше дека подемот на фашизмот може делумно да се објасни со тоа што луѓето претпочитаат да се откажат од својата слобода во замена за смирувачкиот комфор на потчинетоста. Вештачката интелигенција нуди нов начин за откажување од тој товар да мора да размислувате и да одлучувате сами. Тешко стекнатата самодоверба дека разумот може да го води човека во животот се напушта со аутсорсирање на мозокот.

Геј, колку конзервативно тоа звучи

Геј гласачи низ цела Европа ги напуштаат левичарските партии и почнуваат да ги поддржуваат суверенистичките, популистички или националистички движења. Главна тема за пресвртот е миграцијата: европските хомосексуалци стануваат конзервативци како што во Европа сè повеќе доаѓаат мигранти кои се геј-хејтери.

Барот пламнал од пиротехника, младите не можеле да избегаат

Игнорирањето на мерките и протоколите за безбедност во ноќниот клуб Le Constellation во Кран Монтана е главната причина за десетиците загинати во пожарот на пречекот на Новата година. Никој не спроведувал контроли. Пожарот избувнал од прскалки, а над 200 гости се туркале низ тесен ходник до излезот. Загинаа најмалку 47 луѓе, претежно млади, а над 100 се повредени.

Најлудите превари со пари на ЕУ

Европските фондови, односно финансирањето преку грантови од Европската Унија, се едни од највредните и најкорисни придобивки што членството во Унијата им ги обезбедува на земјите-членки и нивните жители. Истовремено, тие се и мрсна шанса да се лапнат пари без работа а тоа и се прави. Цифрите се огромни. 

Украина нема пари за голема армија

Кога војната со Русија конечно ќе заврши, Украина ќе остане со повеќе војници од нејзините европски сојузници. За одржување таква армија нема пари, без оглед дали со мировниот договор ќе биде ограничена на 800.000 војници, како што сака Киев, или на 600.000, како што бара Москва. Новата стратегија ќе мора да се базира на резервисти и домашно оружје.

2025 година, година на црвеното апче

„Новите апликации за запознавање“ се клубови за трчање, клубови за книги, секакви клубови. Дури и печатените публикации се враќаат, дури и Плејбој повторно е во печат. На сè повеќе луѓе им се бега од онлајн пештерата. Ништо од Метаверзумот во кој Закерберг планираше да стави трилион долари. Откако видоа како изгледа веб 2.0, веб 3.0... луѓето посакаа да живеат во Свет 1.0. 

СЗО бара замолкнување на секој глас против вакцините за грип

Како еден од приоритетите за кампањата за вакцинирање против грип, Светската здравствена организација бара од владите да ги надгледуваат објавите на интернет, да ги откриваат сите што ја оспоруваат легитимноста на вакцините и да преземат „контрамерки“. Се препорачува и вклучување локални лидери во кампањи за зголемување на довербата во вакцинирањето.

Илјадници имигранти добиле лажни работни визи во Полска

Полска откри криминална мрежа која на масовно „легализирала“ имигранти како странски работници. Шемата со објавување лажни огласи за потреба од сезонски работници им овозможила на најмалку 7.000 странци во Полска да добијат работни визи и престој во Европската Унија. Повеќето имигранти не останале долго во Полска и тргнале кон Германија.

Како Европа ја изгуби контролата врз сопствената безбедносна архитектура

Фотографијата на Стив Виткоф со Владимир Путин во Москва е симбол на дефинитивната ерозија на евроатлантската безбедносна архитектура закотвена од 1945 година. Трагедијата на Европа не е во тоа што е исклучена од преговорите во кои се обликува нејзината иднина, туку во тоа што сè уште не ја разбира целосно длабочината на нејзиното исклучување.

Бавната смрт на СМС во Британија

Слично како што мобилните телефони ги истиснаа пејџерите од пазарот, така денес алатките за комуникација ги уништуваат навиките за испраќање кратки текстуални пораки, кои своевремено и се наплаќаа. Бројот на испратени СМС во Британија за една година се намалил за 20%, а мобилните телефони сè поретко се користат и за разговори.

Кина поврза 97% од градовите со супербрзи возови

Како вчера да беше кога пишувавме дека Кинезите за само десет години изградиле повеќе железнички линии за брзи возови отколку целиот свет заедно. По пет години тие веќе ја дуплирале километражата на над 50.000. И не планираат да запрат да ја шират мрежата, иако во земјата со повеќе од милијарда луѓе им снема градови за поврзување со воз.

Бети Буп и Мики Маус стануваат јавно добро

Во наредната 2026-та година од копирајт заштита на авторски и сродни права излегуваат илјадници дела од 1930-та година. Кој сака ќе може слободно да си игра, да копира или на друг начин користи одредени цртани со Мики Маус и Бети Буп а во јавен домеин влегуваат и дела на Агата Кристи и Вилијам Фокнер. Ама, само оригиналите. 

Банкротираат „револуционерните“ фарми за инсекти

Со огромни загуби пропаднаа иницијативите за изградба на огромни фарми за инсекти, за да ги сервираат како протеинска замена за месо во храната за риби, добиток и домашните миленици. Не е проблемот тоа што одвратните инсекти буквално не би ги јадело ни куче, туку строгите регулативи и високите трошоци за одржување на фармите и обработка на инсектите.

Полска мора да ја брани и границата со Германија

Додека Варшава најгласно во Европа предупредува на можен напад од Русија, масовно купува оружје и поставува мински полиња на источната граница, претседателот Навроцки порача дека Полска мора да биде спремна да ја брани и својата граница со Германија. Соседите сега се партнери во ЕУ и НАТО, но Навроцки предупредува дека историјата може да се повтори.

Меѓу светските лидери со највисок рејтинг нема ниту еден од Европа

Светските лидери ќе ја паметат 2025 како година во која ја изгубиле довербата од граѓаните. Оние во Азија и во Америка некако и се држат, но европските поминаа низ катастрофа. Францускиот претседател Емануел Макрон можеби немаше да биде убедливо на последното место ако со истражувањето беше опфатена и шефицата на ЕУ, Урсула фон дер Лејен.

Алцхајмеровата болест целосно излечена кај глувци

Успешен експеримент кај лабораториски глувци охрабрува американски научници дека се поблизу до третман за лечење на Алцхајмерова болест и кај луѓето. Планираат наскоро да почнат клинички испитувања. Со подобро разбирање на причините на болеста, идните пациенти би можеле да добијат персонализиран коктел лекови прилагоден на специфични услови.

Како функционира машинеријата за наративи на Брисел

За да контролира сè што секој зборува онлајн, Брисел користи стандардни државни алатки „за одбрана на демократијата и слободата на говорот“ - регулаторен притисок, санкции и визни забрани. Малкумина ја виделе вистинската мрежа на Брисел што стои зад етикетирањето на содржини како „дезинформации“, „хибридни закани“ и „дигитален суверенитет“.