Нердин Кисвани, основач на радикалната антиизраелска група „Во нашиот живот“ предизвика бурни реакции по социјалните медиуми кога проговори за изметот што кучињата го оставаат на замрзнатиот снег на тротоарите.
Конечно, Њујорк се приближува до исламот. За кучињата дефинитивно има место во општеството, ама не како домашни миленици. Како што укажувавме цело време, тие се нечисти, напиша Кисвани на Икс.
Исламските учители историски се против чувањето кучиња по домовите, затоа што ги сметаат за нечисти животни, исто како и свињите. Коментарот на Кисвани би поминал незабележано во Техеран, но се смета за голема навреда во Њујорк, каде што има повеќе кучиња отколку деца. Секое седмо семејство се дружи со барем еден најдобар пријател на човекот.
Пораката на Кисвани за кучињата предизвика повеќе реакции отколку било која друга нејзина навреда насочена против Евреите или САД.
Само еден пријателски совет. Тука навистина не сакате да ги натерате Американците да избираат помеѓу кучиња и имигрантите од муслиманскиот свет, забележа конзервативниот коментатор Мајк Солана.
Џона Џејкоб Голдберг, уредничка на National Review Online, ја осуди Кисвани за тоа што „ги осудила кучињата на студ и уличен живот“.
Можеш да ми го грабнеш кучето само преку мене мртов, забележа Кори Вокер од еврејскиот весник Алгемајнер.

Коментарот за кучињата преидизвика погневни коментари отколку активностите на нејзината група „Within Our Lifetime“, одговорна за жестоки антиизраелски протести по улиците и универзитетските кампуси, како на пример веењето знамиња на Хамас и Хезболах пред изложба во чест на израелските жртви од масакрот на 7 октомври. Во 2020 година еврејска група ја прогласи Кисвани за „антисемит на годината“.
Можеби не ви е грижа што таа ги мрази Евреите. Можеби не ви е грижа што ја мрази Америка. Но, знаете сè што треба за личност која мрази кучиња, забележа Лиел Лајбовиц, уредник на списанието Tablet.