Вести

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Нов закон во Белгија:

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Речник

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Армијата на САД вежба масовни погребувања војници

Инженерски единици на американската Армија повторно почнаа да обучуваат да копаат привремени масовни гробници на бојно поле, активност што ниту се практикувала ниту била потребна уште од Корејската војна во 1953 година. Низ обука поминуваат и свештеници. Целта е да се зачуваат телата на паднатите борци и достоинствено да се испратат со верски обреди. 

На Швајцарија ѝ се доста 10 милиони жители

Швајцарците во јуни на референдум ќе се определат дали да го ограничат бројот на жители на 10 милиони до 2050 година. Причините за иницијативата се јасни. За една година преку отворените граници со ЕУ пристигнале 180.000 мигранти, кои ја преоптоваруваат инфраструктурата и го загрозуваат идентитетот. Дури 40% од Швајцарците денес се со потекло од други земји.

САД не ја одобрија новата мРНК вакцина против грип

Администрацијата за храна и лекови одби да ја разгледа понудата на Модерна за нова експерименталната вакцина против грип со мРНК технологија затоа што немало соодветно и добро контролирано испитување. Ретко се случува ФДА да одбие апликација, но министерот Кенеди нареди да се применуваат построги критериуми.

Фајловите на Епстин ѝ ги разбија илузиите на Норвешка за самата себе

Нафтеното богатство на Норвешка ѝ помогна да го изгради својот бренд на глобална хуманитарна и дипломатска сила, пример за просперитетна држава во која се почитуваат законите и во која нема корупција. Објавените документи за Џефри Епстин го разбија сето ова и ја симнаа маската зад која норвешката елита криела лаги, мито и корупција.

Еколози сега сакаат да ја спасат пластиката во океаните

Огромните острови пластика кои се формираат по океаните, во име на екологијата беа третирани како едни од најважните проблеми со кои треба да се справи човекот заради заштита на живиот свет. За добар дел од нив тоа е уште така, но се јавуваат истражувачи кои, исто така во име на екологијата, бараат да запре чистењето на таа пластика, бидејќи во неа почнало да се развива живот.

Германија разби голема мрежа за лажно полагање тестови за државјанство

На мигранти што оставиле сè и пристигнале во Германија заради попристоен живот, полесно им е да платат неколку илјади евра некој друг да им го положи тестот, отколку самите да го научат јазикот на земјата што ги прифатила и им дала шанса за просперитет. Полицијата разби мрежа за лажно полагање испити по германски, проширена низ целата земја.

Пет чекори за прием на Украина во ЕУ во 2027 година

Европската комисија смислила план како да ја прими Украина за членка веќе во идната година. Европската Унија е во толку голем зорт од Русија, што би прифатила во свое членство земја која е во војна, која нема ни дефинирана територија, ама затоа има корупција до врвот на државата. Другите кандидати нека чекаат со години во реформи и политички блокади.

Трамп ја поништува основата за политиката „нето нула“

САД повеќе нема да го признаваат научното откритие кое го поттикна глобалниот бран политики за „нето нула“ емисии на стакленички гасови. Обама го употреби наодот за да воведе строги мерки за чадењето од возилата и електраните. Поништувањето би можело да им скрати трошоци од над 1.000 милијарди долари на граѓаните и на бизнисите.

Што значи поимот „банана држава“?

Земја во која цвета корупцијата и во која единственото што функционира е полицискиот терор, обично се нарекува „банана држава“. Изразот всушност има длабоки политички и историски корени и директна врска со плантажите на банани, но и со историја на воени интервенции заради заштита на профитите на американски компании за овошје.

Америка станува една голема кладилница

Она што во САД беше релативно маргинален порок, брзо станува масовна навика, покренувајќи итни прашања за зависноста, фер-плејот и регулативата. Бидејќи се во дефанзива од популарните „пазари за предвидување“ големите ланци на конвенционални обложувалници отвораат свои пазари за предвидување. Парите во новата индустрија стануваат огромни а ги има намирисано и империјата Трамп.

Нелиберални закони ја спасуваат либерална Шведска

Шведската полиција доби широки овластувања за да се справи со уличниот терор и пресметките меѓу бандите со мигрантско потекло. Доби ингеренции и за претреси на малолетниците кои сè почесто беа користени во тие пресметки. Либералите запомагаа дека сето тоа е грозно и дека не ѝ личи на Шведска. Две години подоцна мора да признаат: Па ова функционирало!

Идеологијата „нето-нула“ оди во минус

На Западот се случува бунт против фамозните „нето-нула емисии“, поттикнат од неодржливите економски трошоци на преамбициозните и агресивно наметнувани таргети. Накратко, луѓето се уморни и од растечките сметки за струја и од хистериите околу климата. Политичките класи стануваат свесни дека се бара преголема жртва денес, за некој далечен и немерлив ќар.

Пентагон купува забранета касетна муниција од Израел

Министерството за одбрана на САД без јавен оглас потпишало договор од 210 милиони долари за купување напредни касетни гранати од израелска државна компанија. Оваа муниција е забранета со светска конвенција поради ризикот дека може да се активира со задоцнување од години откако ќе биде испукана на бојното поле. Само во 2024 година овие бомби убиле 314 цивили.

Шолц: Иран денес ќе беше развиена демократија ако САД не го поддржаа шахот

Поранешниот германски канцелар Олаф Шолц ги обвини САД и Британија дека самите се виновни што Иран сега им е најголем непријател, наместо да биде демократска и развиена земја на Блискиот Исток. Заради сопствените нафтени интереси пред 70 години соборија демократски режим, а сега се закануваат со војна за да одбранат демократија.

Трамп фрли око на Гренланд. Ќе фрли ли Путин око на Готланд?

Како што огромниот дански остров Гренланд им е потребен на САД заради националната безбедност, па затоа Доналд Трамп инсистира да го присвои, по слична геостратегиска логика Русија би можела да го грабне шведскиот остров Готланд. Со ракети на него, би имала целосна контрола врз стратегиски важниот регион на Балтичкото Море.

Канада сака да се вмеша и во семејните кавги

Навидум ситен законски предлог на либералната влада на канадскиот премиер Марк Карни би ѝ овозможил на државата да упадне во приватните домови и да ги криминализира семејните расправи. Ако се влошат односите помеѓу брачните партнери, вообичаени критики од типот „Ги остави парите по кафани!“ може да послужат како докази за кривично дело.

Сите пари на Америка не се доволни за Златната купола на Трамп

Системот за ракетна одбрана Златна куполa на Доналд Трамп веќе достигна неверојатно висока проектирана цена од 175 милијарди долари. Нова анализа покажува дека во реалноста САД треба да платат многу повеќе пари, колку што нема ни по трезори, банки или џебови. Дури ни тогаш куполата не би гарантирала дека ќе да ги заштити Американците од нуклеарен напад. 

САД ја прогонуваат Франческа Албанезе како да е терорист

Санкциите на САД ја изедначија специјалната известувачка на ОН, Франческа Албанезе, со терористи и ѝ ја загрозија егзистенцијата. Кредитните картички ѝ се блокирани и не може да отвори банкарски сметки. Нејзиното семејство добива закани. Ова е казната за кажувањето на вистината за израелските злосторства во Газа.

Зеленски: САД и Русија преговараат за бизнис од 12.000 милијарди

Главната предност на Русија во мировните преговори не е напредувањето на фронтот, туку потенцијалот од економските договори во вредност од илјадници милијарди долари што им ги нуди на САД. Зеленски предупредува дека во „пакетот Дмитриев“ е вклучен и украински суверенитет, а од Киев ќе се бара да го прифати најдоцна до јуни.

Милијарда луѓе на светот не може да ги утепа струја

Иако денес струјата се чини како општо и универзално достапно добро, 150 години по изумот на сијалицата - тоа не е така. Официјалните проценки сугерираа дека околу 730 милиони луѓе живеаат без струја, но студија на сателитски снимки покажа дека бројот е всушност поголем - 1,18 милијарди. А напредокот во приклучување луѓе на електричните мрежи е во застој веќе шеста година.

Светот го зафаќа епидемија на рчење

Во текот на изминатата деценија, експерти за темата предупредуваат дека во светот почна да се шири епидемијата на 'рчење и дека таа е посериозна отколку што можеби мислите. А рчењето е само врв на ледениот брег што води кон пострашната стотјба, апнеата, кога човек додека спие престанува да диши. 

Шведска воведува ред за азилантите

Шведска планира да ги префрли сите мигранти во специјални центри сè додека се обработуваат нивните барања за азил. Ако не се придржуваат до новите мерки, ќе ја изгубат социјалната помош и ќе може да бидат депортирани. Досегашните закони им овозможуваа на азилантите самите да се снаоѓаат за сместување и да избираат каде и како ќе живеат.

Замрзнаа ветерниците, скокна цената на струјата во Финска

Производството на енергија од ветер во Финска речиси целосно запре, бидејќи продолжениот студен бран ги замрзна лопатките на ветерниците за генерирање струја и ги принуди операторите да ги исклучат од системот. Тоа драстично ја зголеми цената на струјата, која достигна 350 евра за мегават-час, и на гасот на 700 долари за 1.000 кубни метри.

Одобрени први клинички испитувања за генетско подмладување

Во време кога милијардерите се загреваат за идејата за вечна младост, стартап на генетичар од Харвард доби одобрение за прво испитување за генска терапија за подмладување луѓе. Основа на терапијата е „делумно епигенетско репрограмирање“ - техника што ги модифицира хемиските ознаки на ДНК за да ги натера старите клетки да се однесуваат како млади.

Трамп бара жртви за складирање нуклеарен отпад

Технолошките гиганти ќе градат многу нуклеарни реактори од нова генерација за напојување на центрите за податоци што цицаат струја, но проблемот е што во САД нема јами за радиоактивниот отпад. Во складиштата до денес се закопани околу 100.000 тони потрошено гориво, а 90 реактори секоја година додаваат по уште 2.000 тони отпад.