Побарувачката за греење, ладење, осветлување, компјутерска моќ и движење е во голем пораст. Ритамот особено го наметнува потребата од центри за податоци за напојување на технологии како што е вештачката интелигенција.
Потрошувачката на фосилни горива достигна рекордно високо ниво во 2025 година, но имаше и досега невидена количина на обновлива енергија додадена во електричните мрежи низ целиот свет. Глобалните емисии на стакленички гасови полека почнуваат да се стабилизираат. Кина, најголемиот емитер на стакленички гасови во светот, лани забележа пад на производството на јаглерод диоксид.
Сепак, и покрај овој растечки тренд, на светот има многу повеќе луѓе отколку што многумина сфаќаат, кои во суштина живеат во свет без електрична енергија, и уште повеќе од оние кои често немаат струја кога им е најпотребна.
Меѓународната агенција за енергија минатата година објави дека има 730 милиони луѓе во светот кои живеат без струја, а напредокот во нивното поврзување со електрична енергија е во застој од 2020 година. Вистинскиот број е многу поголем бидејќи тешко се следат луѓето во најсиромашните и најоддалечените области на светот.
Студија од 2024 година што користела сателитски податоци покажа дека за 1,18 милијарди луѓе - цирка еден од седум луѓе на планетата - нема докази дека користат струја. Според официјалните записи, има 447 милиони луѓе кои се поврзани на мрежа, но не користат струја.
Обединетите нации поставија цел да им обезбедат на сите на планетата „прифатливи, сигурни и модерни енергетски услуги“ до 2030 година. Па сепак, во 2026 година, речиси 150 години од пронаоѓањето на сијалицата, милијарда и кусур се далеку од тоа.
Главните региони што сè уште заостануваат се Океанија - која ги вклучува Австралија, Нов Зеланд и островските држави во Пацификот - и Субсахарска Африка.

Во Океанија, зголемувањето на пристапот до енергија е застанат на околу 80 проценти, заради големиот број многу мали островски држави во Пацификот кои не можат лесно да се поврзат со поголема мрежа.
Во Субсахарска Африка последните децении има постојан пораст на пристапот до енергија, но овој регион има и најбрзо растечка популација во светот. Помеѓу 2020 и 2023 година, 35 милиони луѓе таму добиле пристап до електрична енергија, но и населението се зголеми за 30 милиони, па нето намалувањето на луѓето без електрична енергија беше само 5 милиони.
До 2054 година, регионот е на пат да достигне 2,2 милијарди жители, што е зголемување од 70 проценти од 1,29 милијарди луѓе кои се таму денес.