Канадското кривично право историски се фокусирало на јасна злоупотреба, насилство и закани и таквите однесувања веќе се целосно опфатени со актуелните закони. Новиот предлог-закон е специфичен, затоа што овозможува сосема легално и ненасилно однесување да се смета за кривично дело, особено ако во меѓувреме се влошат односите помеѓу партнерите.
Дали мислите дека владата треба да ги смета за криминал секојдневните односи во вашиот дом? Прочитајте го Предлог-законот C-16. Со него се криминализира законско и вообичаено однесување што подоцна може да се толкува како закана од интимниот партнер, предупредува конзервативната пратеничка Леслин Луис.
Таа издвои неколку семејни ситуации за кои, според предлог законот, би можеле да бидат отворени истраги:
• Прашање до сопружник зошто не е дома;
• Загриженост поради прекумерно пиење;
• Расправии за финансиите или трошењето;
• Барање од партнерот да не им дава нездрава храна на децата;
• Загриженост за времето поминато подалеку од семејството, или
• Поставување граници или очекувања во домаќинството.
Ова не се злосторства, туку дел од бракот, родителството и споделената одговорност. Ова не ја намалува сериозната присилна контрола во вистински насилни врски... Предлог-законот C-16, како што е напишан, отвора врата за полициска интервенција во домовите на обичните семејства, тврди пратеничката.
Таа додава дека либералната влада и досега промовирала правна рамка која на идните влади, регулаторните тела и судовите им овозможува широко толкување на дела, а со тоа и можност за злоупотреба надвор од наведената цел.
Шемата е да се претстави пред јавноста дека законските мерки ги штитат жртвите, да се постават широки дефиниции, да се отфрлат критиките како „дезинформации“ или „екстремизам“ и со тек на времето да се засили спроведувањето.