Светот го зафаќа епидемија на рчење

Во текот на изминатата деценија, експерти за темата предупредуваат дека во светот почна да се шири епидемијата на 'рчење и дека таа е посериозна отколку што можеби мислите. А рчењето е само врв на ледениот брег што води кон пострашната стотјба, апнеата, кога човек додека спие престанува да диши. 

Во текот на изминатата деценија, експерти за темата предупредуваат дека во светот почна да се шири епидемијата на 'рчење и дека таа е посериозна отколку што можеби мислите.

Оние рчења, стругања, свирења и трубења што луѓето ги испуштаат додека спијат, долго време беа само предмет за мајтап и објаснување на нечија ненаспаност, но често - и сè повеќе - можат да бидат знак на проблеми.

Британското здружение за 'рчење и апнеа проценува дека на островот има околу 15 милиони 'рчачи. Повеќето го прават тоа повремено, но се чини дека можеби влегуваме во нова ера на хронично и екстремно 'рчење, предизвикано од сè, од загадувањето и зголемувањето на температурите до кризата со дебелината.

„'Рчењето сè уште носи многу срам и хумор, па затоа луѓето го сведуваат тоа на шега наместо да бараат помош“, вели професорката Ама Џохал. „Тие тоа не го поврзуваат со нивното општо здравје или квалитет на живот, но треба: хроничното 'рчење може да го намали квалитетот на нашиот сон, предизвикувајќи замор, лошо расположение, лоша концентрација и замаглување на мозокот. Дури е поврзано и со висок крвен притисок и кардиоваскуларни проблеми“.

 Тоа не е сè.

Велат дека епидемијата на 'рчење е само врвот на ледениот брег на една пострашна состојба - опструктивната ноќна апнеја - која зафаќа околу осум милиони возрасни лица во Велика Британија.

Разликата помеѓу 'рчењето и апнеата не е колку гласно 'рчите туку дали ќе престанете да дишете. Апнеата предизвикува луѓето да престанат да дишат во сон, опасно намалувајќи ги нивоата на кислород. Го зголемува ризикот од висок крвен притисок, мозочен удар, срцеви заболувања и ненадејна смрт.

Новите истражувања почнаа да воспоставуваат врска помеѓу нетретирана ноќна апнеја и деменција подоцна во животот.

Доктор Џохал вели дека гласното и редовно 'рчење треба да се сфати како „рано предупредувачко светло на контролната табла“.

Рчењето се случува кога нашите дишни патишта се блокирани додека спиеме. Кога дишеме, го туркаме воздухот низ носот, грлото и устата. Ако нешто го спречи тоа, испуштаме звуци од вибрирањето на ткивата во горниот дел од устата, крајниците или јазикот.

Иако се чини горе-долу униформно, не постои едно рчење за сите.

„Секој рчи на уникатен начин. Тоа е речиси како отпечаток од прст“, велат докторите.

7 февруари 2026 - 20:42