Вести

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Нов закон во Белгија:

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Речник

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Армијата на САД вежба масовни погребувања војници

Инженерски единици на американската Армија повторно почнаа да обучуваат да копаат привремени масовни гробници на бојно поле, активност што ниту се практикувала ниту била потребна уште од Корејската војна во 1953 година. Низ обука поминуваат и свештеници. Целта е да се зачуваат телата на паднатите борци и достоинствено да се испратат со верски обреди. 

Романија и Унгарија кренаа глас против европската машина за цензура

Низ Европа брзо се шират последиците од извештајот од Вашингтон дека ЕУ ја користи цензурата на интернет како политички инструмент за интервенции во демократски процеси. Романската опозиција ја обвини Европската комисија за „државен удар“ и бара нови избори. Во Унгарија, премиерот Орбан стравува дека Брисел му спрема слично сценарио на изборите во април. 

САД и Русија ќе си веруваат на „чесен збор“ до новиот Нов СТАРТ

Преговарачите на САД и Русија не постигнале голем напредок за крај на војната во Украина, но договориле двете земји уште шест месеци да ги почитуваат ограничувањата на нивните нуклеарни арсенали. Нов СТАРТ престанува да важи на полноќ. Додека не биде усогласен нов, со или без Кина во него, Белата куќа и Кремљ ќе мора да си веруваат на чесен збор.

Џефри Епстин, ОН и заборавените деца од Балканот

Според поранешен адвокат од американското министерство за правда, „речиси 80% од малолетните девојчиња на Џефри Епстин, жртви на трговија со луѓе, доаѓале од Балканот“. Членовите на мрежата на Епстин  со текот на години имале заземено позиции во највисоките ешалони на Обединетите нации, а во средината на 90-тите, Епстин често навраќал на Балканот.

„Епстин“ се разузнавачки служби

Како што се таложат гнасотиите од дебелото досие за Џефри Епстин, се наметнува прашањето како е можно толку многу луѓе од елитата: естрадни ѕвезди, бизнисмени, министри, принцови, поранешни и идни претседатели... да паднале во мрежата на сомнителен финансиер и осуден педофил? Освен ако зад него не биле некои многу појаки играчи. 

Дуров: И Шпанија тргна кон тотална цензура

Павел Дуров му се придружи на Илон Маск во острата критика на плановите на Шпанија да забрани пристап до социјалните медиуми за млади под 16 години и за кривично гонење директори поради „говор на омраза“ на нивните платформи. Предложениот закон, според Дуров, ѝ овозможува на владата да диктира што гледаат луѓето и да задушува критичари и опозиција.

Хирурзите се воздржуваат од операции за промена на пол кај помлади од 19 години

Пластичните хирурзи во САД се издвоија од другите професионални медицински здруженија и препорачаа воздржување од операции за промена на полот кај лица помлади од 19 години. Хирурзите објаснуваат дека нема доволно докази дека придобивките ги надминуваат ризиците од операциите на градите, гениталиите и лицето кај малолетници со родова дисфорија. 

Активистите во Минесота добиле милиони од организација поддржана од Сорос

Шеснаесет активистички групи кои се мобилизираат против имиграциските агенти во Минесота имаат едно заедничко: финансиска поддршка од непрофитна организација поддржана од Фондациите Отворено општество на семејството Сорос. Преку Хедвотерс повеќе од една деценија се канализираат милиони кон „борбата за ослободување на Минеаполис“.

Кина нема долго да го задржи монополот врз ретките метали

САД и другите зависници можат на долг рок лесно да го надминат кинескиот „монопол“ врз ретките минерали, кои всушност и не се толку ретки. Ги има речиси насекаде. Кина во изминатите децении стекна предност затоа што ги прифати ризиците по околината и здравјето на луѓето, а западните земји затвораа рафинерии зашто им беа евтини кинеските магнети.

Кенеди објави нова стратегија за помош на бездомници и зависници

Министерот за здравство Роберт Кенеди Јуниор претстави нова програма од 100 милиони долари, чија цел е да им помогне на бездомниците низ САД да најдат работа и дом, а зависниците да се лекуваат. Целта на проектот е континуирано ангажирање на луѓето, од првиот контакт на улица се додека не бидат во можност да се грижат за себе. 

Брисел води децениска кампања за глобална цензура на интернет

Европската комисија повеќе од една деценија ги притиска онлајн платформите да цензурираат непосакувани политички содржини, конзервативни ставови и оспорувања на вакцините, дури и за корисници на социјалните мрежи во САД. Преку своите механизми Комисијата се мешала во осум избори во шест земји, објави комитет на Конгресот на САД.

САД и Русија се пред нова трка за нуклеарно вооружување

Утре престанува да важи последниот договор помеѓу САД и Русија за ограничување на нивните нуклеарни арсенали. Трамп не одговори на предлогот од Путин за обновување на договорот и сака да ја вклучи и Кина, додека има релативно мал арсенал. Во ова хаотично време, на светот најмалку му е потребна нова трка за нуклеарно вооружување.

За време на пандемијата на Германија ѝ откажале државните органи

Неуставни тела ги носеле клучните одлуки во Германија во критичниот период на пандемијата. Властите не ги заштитиле слободата на граѓаните и демократскиот поредок. Судството и медиумите не дејствувале како независна контрола, туку како продолжена рака на извршната власт, тврди поранешниот претседател на Федералната канцеларија за заштита на Уставот. 

Меѓународното хуманитарно право не може да заштити никого

Стотиците илјади загинати луѓе во актуелните војни се болно сведоштво дека меѓународното право не ја исполнува својата главна цел – да ги ограничи последиците од воени судири врз невините жртви. Највпечатлив пример е смртта на речиси 20.000 деца во Газа. Во Украина лани загинале рекорден број цивили. Тортурата и силувањето поминуваат неказнето.

Опсесијата со Епстин нема да донесе ништо ново

Во најновата транша документи поврзани со сексуалниот предатор и педофил Џефри Епстин има многу гадни работи кои потврдуваат колку забеган знае да биде светот на моќните и богатите. Но засега сето тоа се сведува на масовен сеир и надеж дека некој од фајловите ќе закопа некој политички противник. Инсинуациите нема да донесат никаква корист ако не се најдат докази.    

Полска скока од јаглен на нуклеарни централи

Полска планира да го трансформира својот енергетскиот систем од користење јаглен директно кон нуклеарна енергија. Претседателот Карол Навроцки смета дека потпирањето на течен природен гас е ризично во услови на глобални геополитички превирања. Експертите додаваат дека е практично да се изградат нуклеарни директно врз термоцентрали на јаглен.

Ултра-преработената храна треба да се третира како цигарите

Ултра-преработената храна (УПХ) има повеќе заедничко со цигарите отколку со овошјето или зеленчукот и бара многу построга регулатива, порачува нов извештај на истражувачи од три американски универзитети. Триковите како „ниска масленост“ и „без шеќер“ се мамки со кои се избегнува регулацијата и фактот дека и двете категории покренуваат сличен механизам кај зависникот.

Бомбаш што планирал напад врз Британија се кандидира на избори во Бирмингем

Шахид Бат во 1999 година бил осуден на пет години затвор поради учество во терористички заговор за бомбашки напад врз британскиот конзулат во Јемен. Сега настапува како независен кандидат за советник во Бирмингем, со „про Газа“ платформа во округ во кој 80% од жителите се муслимани. Во меѓувреме, Британија испраќа во затвор луѓе поради твитови против имиграцијата.

Кина чади помалку, иако троши повеќе струја

За прв пат Кина ги намали емисиите на стакленички гасови иако троши повеќе струја. Ги зголеми капацитетите за обновлива енергија, но во исто време гради и нови централи на јаглен. Ако го задржи овој тренд, Кина ќе ја урне главната претпоставка во климатската економија - дека индустрискиот раст неизбежно носи повисоки емисии.

Непријатната вистина за лажните предвидувања на Ал Гор

Пред точно 20 години филмот „Непријатната вистина“ на Ал Гор доби овации на фестивалот Санденс. Полн со предвидувања што не се остварија, тој беше клучен катализатор на глобалниот климатски активизам. Во ниту една сериозна студија не пишувало дека светот ќе заврши со катастрофа, но луѓето повеќе им веруваат на политичарите и медиумите отколку на научниците.

Сан Франциско ја укина шемата за дозирање алкохол за бездомници

Новиот градоначалник на Сан Франциско ја укина контроверзната програма на градските власти за делење алкохол на бездомници наместо да ги одвикнуваат од зависност. Иако била воведена како вонредна мерка со привремен карактер, шемата се спроведувала со години и создала огромен трошок - за помош на 55 луѓе биле трошени 5 милиони долари годишно.

Холандија со „данок на слобода“ ќе собира пари за војската и за Украина

Новата холандска влада ќе воведе дополнителни давачки на даноците на доход и на добивка за да собере уште 5 милијарди евра годишно за зголемените трошоци за одбрана. Од „данокот на слобода“, како што го нарекоа коалициските партнери, ќе се издвојуваат пари и за финансирање на војната на Украинците против Русија.

Шеик тајно вложил 500 милиони во криптото на Трамп и Виткоф

Шеик од Абу Даби лани инвестирал 500 милиони долари во проектот со криптовалути на семејствата на Трамп и на неговот емисар Виткоф. Набрзо потоа администрацијата на Трамп им дала на Емиратите пристап до чувствителни чипови. Белата куќа ги отфрла обвинувањата дека националната безбедност на САД била компромитирана заради приватна корист.

Прва пресуда против индустријата за промена на пол кај малолетници

Окружен суд во Њујорк пресуди психолог и хирург да ѝ исплатат отштета на 16-годишна девојка затоа што ја убедиле да си ги отстрани градите. Првата судска одлука за медицинска злоупотреба поврзана со промена на полот може да има огромни последици. Докторите вршат притисок врз родителите: ако не дозволат операција, ризикуваат самоубиство на детето.

Обединетите Нации се пред банкрот

Првиот човек на Обединетите нации, Антонио Гутереш, драматично предупреди дека светската организација се соочува со непосредна опасност од финансиски колапс. ООН можат да состанат без пари веќе во јули оваа година доколку земјите членки веднаш не ги платат своите наталожени долгови. Првенствено се мисли на Содединетите Американски Држави кои должат милијарди.