Хирурзите се воздржуваат од операции за промена на пол кај помлади од 19 години

Пластичните хирурзи во САД се издвоија од другите професионални медицински здруженија и препорачаа воздржување од операции за промена на полот кај лица помлади од 19 години. Хирурзите објаснуваат дека нема доволно докази дека придобивките ги надминуваат ризиците од операциите на градите, гениталиите и лицето кај малолетници со родова дисфорија. 

Промената на насоките се потпира на две неодамнешни публикации - Cass Review од лекар во Англија и извештај од Министерството за здравство на САД. Соопштението не е клиничко упатство, се забележува во документот. 

Целта на овој став не е да ја негира реалната вознемиреност на пациентите и не ја доведува во прашање автентичноста на искуствата. ASPS сепак потврдува дека хуманата, етичката и праведна грижа, особено за децата и адолесцентите, мора да го балансира сочувството со научната строгост и грижата за долгорочна благосостојба, соопшти здружението.

Истражувања покажуваат дека хируршките зафати за потврдување на полот се ретки кај деца во САД. Помалку од 1 од 1.000 адолесценти примаат лекови за потврдување на полот.

Грижата, според стандардите што се широко користени во САД, подразбира развивање план со медицински експерти и членови на семејството што вклучува терапија за разговор и може - но не секогаш - да вклучува блокатори на пубертет или хормонски третман

Но, минатата недела, порота во Њујорк прогласи психолог и хирург за одговорни затоа што убедиле 16-годишно девојче да си ги отстрани градите, без да ја предупредат на сите последици.

Пациентката, која сега има 22 години и се идентификува како жена, на судскиот процес изјави дека сфатила дека направила грешка дури кога ги видела лузните на градите.

Нема податоци што сугерираат дека можете да предвидите кој ќе има корист од операцијата, а кој ќе има негативен исход. Тоа налага да се застане на страната на претпазливост, што значи одложување на овие операции до 19-годишна возраст, изјави за Њујорк тајмс поранешниот претседател на ASPS, Скот Бредли Гласберг.

******
Види и: Прва пресуда против индустријата за промена на пол кај малолетници

5 февруари 2026 - 10:03