Вести

Од 44 цели за храната, светот ќе ја исполни само најбаналната

Светот е на добар пат да исполни само една од 44-те глобални цели за заштита и развој на прехранбените системи до 2030 година, и тоа веројатно најбаналната - бројот на претплати за мобилни телефони. Најголемо е потфрлањето во остварување на целите за намалување на емисиите на стакленички гасови. Во некои категории е забележано назадување.

Ризикот да се премине Ормуз чини милион долари на ден

Војната во Иран создаде сосема нова категорија милионери кои профитираат од високата цена на нафтата и огромната глобална побарувачка - бродосопственици кои испраќаат танкери преку блокираниот Ормуски проток, со надеж дека Иран или САД нема да им ги потопат. Ако поминат, дебело го наплаќаат ризикот: по 1 милион долари за секој ден пловење до Кина.

САД ќе почнеле војна со Кина поради лоша проценка на ВИ

Реагирајќи на разузнавачка проценка на алатка со ВИ дека кинески брод носи нуклеарни компоненти за Иран, американските воен сили наредиле акција за преземање на бродот, но во последен момент ја откажале. Проверката покажала дека алатката направила погрешен заклучок. Инцидентот бил сериозен и интервенцијата можела да ескалира во војна со Кина.

Речник

Што толку згреши ЕУ за да ја заслужи Урсула?

Во монотон и празен говор за Состојбата на Европската Унија, Урсула фон дер Лајен ги спомна сите омилени фрази од бриселскиот жаргон и најави нови иницијативи. А сепак, не понуди никакви вистински одговори за огромните проблеми со кои се соочува блокот и за кои делумно самата е одговорна, заедно со другите еврократи.

Трамп сака бизнис со Москва пред да заврши војната

Откако Конгресот му ги прошири овластувањата да воведе построги санкции за Москва, Трамп планира да склучува деловни договори со Русија, со единствен услов да бидат замрзнати сè додека не заврши војната во Украина. Потпишувањето договори со одложена реализација би требало да ги убеди јастребите во Кремљ дека САД сериозно настојуваат да ги ресетираат односите. 

Економската бесмисленост на бесплатниот автобуски превоз

Демократскиот социјалист Зохран Мамдани во кампањата за градоначалник на Њујорк ветуваше бесплатен автобуски превоз. Тоа е непресушна тема за популистите, затоа што редовно пали кај гласачите. Но, искуствата од други градови покажуваат дека од економска гледна точка, бесплатните автобуси се ужасно решение, од кое се чини дека веќе се откажува и Мамдани.

Рајските острови станаа гнездо на терористи

Родриго Дутерте не водеше бадијала војна против терористите. Додека тој зад решетки во Хаг чека судење за злосторства против човештвото, неговите Филипини повторно станаа оаза за регрутација и обука на исламистички терористи. Кон оваа земја водат трагите на таткото и синот кои обучени и инспирирани од идеологијата на ИСИС пукаа врз Евреи на сиднејската плажа Бонди.

САД ќе го бранат мирот во Украина со Ф-35 и томахавки

Ако биде постигнат договор за крај на војната, Вашингтон ќе ѝ ја гарантира безбедноста на Украина без да испраќа војници на терен, како што настојуваат европските сојузници на Киев. Главните средства за одвраќање би биле долгострелни проектили и борбени авиони, кои би биле активирани само при недвосмислени докази дека Русија тргнала во нова инвазија. 

Војната на Киев против рускиот јазик ја дели земјата

Претседателот Зеленски на почетокот на својот мандат демонстративно зборуваше на руски јазик за окупираниот Донбас и ги опоменуваше националистите: „Престанете да ја делите земјата!“. Неговата влада сега го забрани рускиот јазик. Наместо да обединува, елитата ја дели својата земја и постојано ја снабдува пропагандата на Путин со нова муниција.

Хакери им ја враќаат на купувачите контролата врз апаратите

Непрофитната организација Фулу нуди награда од над 10.000 долари за секој што ќе успее да ги деактивира ограничувањата во апаратите за домаќинство. Стар американски закон им дозволува на компаниите далечински да управуваат со уреди, да оневозможат функции и поправки. Фулу настојува да им ја врати контролата врз апаратите на оние што ги купиле. 

Многу паника и малку докази за дроновите над Европа

Ако нешто трепка над аеродром во северна Европа, речиси по правило се запира сообраќајот и се крева тревога поради „хибридната војна на Русија“. Иако нема цврсти докази за руска вмешаност, Европа прави планови за изградба на ѕид против дронови. Темелна анализа на десетици случаи покажува „руските дронови“ не само што не се руски, туку обично не се ни дронови.

Веганските деца се пониски

Децата на веганска диета се послаби и пониски од оние што јадат месо, покажува збирна анализа на студии. Исхраната базирана на растенија не може да ги обезбеди есенцијалните витамини и минерали. Единствениот начин веганското или вегетаријанското дете да расте здраво, велат научниците, е со внимателно испланиран режим на суплементација.

Кратките видеа оставаат длабоки траги врз детските мозоци

Децата не биле целната група на платформите што сервираат бесконечна низа кратки, заразни и вообичаено бесмислени видеа. Но токму најмладите најмногу се заразуваат и најмногу ги трпат последиците. Со времето поминато пред екраните, децата губат време да сонуваат, да измислуваат игри, да разговараат со семејството или да ги остават своите мисли да талкаат.

Саудиска Арабија: Трезна раја и мамурни милионери

Саудиска Арабија ја разводнува строгата забрана за алкохол, но не за обични смртници. Само избрана елита странци ќе може да купат виски или шампањско, ако покажат доказ дека заработуваат барем половина милион долари годишно и членуваат во приватни клубови резервирани за дипломати и директори на мултинационални компании.

Без дискотека за рибите нема нуклеарка за Британија

Британскиот регулатор за животна средина ја одобри изградбата на најскапата нуклеарна централа во светот, под услов да се спречи помор на милиони риби од Бристолскиот канал. Инвеститорот вложи милиони долари во аудио-систем што ќе ги избрка рибите, но анализите покажуваат дека оваа „дискотека за риби“ ќе спаси едвај по еден лосос на секои 12 години.

Москва: УСАИД тајно тестирал лекови врз Украинци

Пред да биде укината од Доналд Трамп, агенцијата УСАИД мошне веројатно била вклучена во тестирање на фармацевтски производи врз Украинци, тврди генерал во Министерството за одбрана на Русија. Тоа не е никакво спектакуларно откритие на руските служби. Генералот само сумира официјални изјави на американски функционери и експерти за американски медиуми.

Новите генерации копнеат Европа да биде суперсила

Новата европска генерација на социјалните медиуми изразува огромна европска солидарност несвојствена за Брисел. Оние што израснале во време на тероризам, имиграција и немоќ се заситени од ЕУ како клуб во кој 27 членки се расправаат за сè и сешто. Копнеат за иднина во која Европа ќе биде суперсила на ниво на Кина или САД, само помудра и покултурна.

Африканските бели дробови почнаа да искашлуваат

Африканските шуми и дрвенестите савани долго биле стандарден апсорбер на јаглерод, земајќи го атмосферскиот и складирајќи го како биомаса. Но, меѓу 2010 и 2017 година ситуацијата се менува  кога се случува критичен премин на тие шуми од апсорбер во извор на јаглерод. На Запад не му се допаѓа тоа што Африка сè повеќе користи фосилни горива, ко тие да станаа развиени со помош на ветерници. 

Венецуела: Нафта, нафта, ама и минерали

„Просто е, тие имаат нафта а ние ја сакаме,“ лапидарно и ефикасно ги објасни причините за американското острење заби за Венецуела професорот Џефри Сакс. Им го паркираа најголемиот носач на авиони, уништуваат рибарски бродови, запленуваат танкери. Сето тоа со наратив за борба против дрогата иако американските федерални податоци покажуваат дека Венецуела не е значаен извор на наркотици што влегуваат во САД.

Оземпик, за слабеење и стареење

Се проценува дека 30 до 40 милиони луѓе во светов користат инјекции за губење тежина. Никој од нив не жали за изгубените килограми, само што, добар дел од нив е мускулна маса. А губењето на толкави количини мускулна маса може да биде еквивалентна на предвремено старење на телото од десет години.  

За прв пат овој век, смртноста кај децата ќе се зголеми

За прв пат после 25 години, се предвидува дека стапките на смртност кај децата од болести што може да се спречат ќе се зголемат. Претходните 25 години стапките постојано се намалуваа. Парите за глобалното здравје се драстично скратени а многу од побогатите земји сега имаат други приоритети, главно да се спремаат за војна и да праќаат деца да гинат.

На Хашките судии ни Алекса не им прави муабет

Судиите и обвинителите во Меѓународниот кривичен суд се обидуваат да живеат и да работат под истите американски финансиски и патни ограничувања што беа воведени за рускиот претседател Владимир Путин и Осама бин Ладен. Осакатени им се најнормални финансиски услуги, картички им се блокираат, меилови укинуваат, електронски книги им исчезнуваат па дури и Алекса на Амазон ги игнорира.

Британско добредојде за „не знам и не се сеќавам“

Велика Британија, земјата која се накрцка со илегалци а за нас („стратешкиот партнер“) уште го држи ригорозниот режим на визи (уште да бараат дете под хипотека да ставиш) му одобрила дозвола за престој на авганистански илегален мигрант кој на прашањата колку години има и од каде поточно доаѓа, со години им викал не знам и не се сеќавам. Тоа им го рекол во 158 наврати. 

Кина крева наталитет со данок на кондоми

Во очајнички обид да го спречат намалувањето на населението што ја оптоварува економијата, кинеските власти од идната година воведуваат данок за контрацептивни средства. Критичари укажуваат дека тоа нема да придонесе за повеќе деца во семејствата, туку може да поттикне забрзано ширење заразни болести и повеќе абортуси. 

Откриено е како вакцините за ковид удираат на срце

Ново истражување од Универзитетот Стенфорд објаснува како вакцините со мРНК во првите денови по инјектирањето може да предизвикаат претерано бурна реакција на имунолошкиот систем, која предизвикува воспаление на срцето (миокардитис) и на неговата обвивка (перикардитис). На овој ризик најмногу се изложени мажите помлади од 30 години.

Робокап 2035 во режија на Европол

Европската полиција разгледува екстремни дистописки сценарија на улични пресметки на луѓе и роботи веќе во следните десет години. Полициските роботи би биле вклучени во патроли за да ги заштитат луѓето од други роботи, управувани од криминалци и терористи. Се предупредува и дека мала промена во кодот на машината може да претвори заштитник во машина за убивање.

Колите на бензин и дизел ќе останат во ЕУ и по 2035 година

Под притисок од Германија и од Италија, Европската комисија прифатила да се откаже од забрана за продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување, која требаше да стапи на сила во 2035 година. Наместо целосна забрана, ќе биде оставено минимално ниво за испуштање издувни гасови, што може да ѝ помогне на автомобилската индустрија да остане конкурентна.

Нова крвна група ја имаат само тројца на планетата

Откако пред повеќе од еден век Карл Ландштајнер ги откри крвните групи, општо познати се вкупно осум – четири позитивни и негативни, во системот ABО. До денес, науката откри многу повеќе. Дефинирани се 49 различни. Најновата е една од најретките. Изолирана е во крводарителска клиника во Тајланд и досега е потврдена кај само тројца луѓе на планетата. 

Узбекистан го укинува плаќањето со кеш

Од април идната година Узбекистанците повеќе нема да можат да плаќаат со готовина за владините услуги, комуналиите, недвижнините и новите возила и машини. Банкарските картички ќе бидат задолжителни за сите производи поскапи од 2.000 долари. Целта на иницијативата е да се спречи сивата економија и да се засилат транспарентноста и одговорноста.

А да престаневме да рециклираме?

Се проценува дека луѓето внесуваат микропластика еквивалент на една кредитна картичка неделно. Не-дел-но! Таа доаѓа од разни извори кои се познати но и од еден кој го сметаме за наш главен еко одговор на сеприсутната платика. Нејзиното рециклирање. Тој процес, само во Америка може да наполни 29.000 камион микропластика годишно.