Толку од родовата револуција?

Бројот на млади трансџендери е во слободен пад

Секој што последниве години се осмелуваше да спомне мода, имитирање или социјална зараза во поглед на растечкиот број трансродови млади, се сметаше за закана за благосостојбата на децата. Дека таквите го напаѓаат физичкиот и психолошкиот интегритет на младата личност и се сомневаат во (моменталните) резултати на нивната самоидентификација. Омилена етикета за нив беше: трансфобични.

Активистите ги етикетираа како трансфобични сите кои се сомневаа во зголемената побарувачка на разно-разни сервиси поврзани со родови/полови транзиции.

Никој не се сомнева дека е можно некој да се роди во „погрешно тело“(познато како родова дисфорија), но никој не објасни како после толку стотици ијади години, биологијата почнала одеднаш толку масовно да греши, конкретно кон генерацијата З. 

Па сепак, се наметнуваше заклучок дека оние што имаат проблем со својот родов идентитет најдобро знаат што е најдобро за нив, без оглед на возраста. Требаше безусловно да се подржува нивната перцепција.

„Различни студии и статистики покажуваа дека да се биде транс е тренд. Или барем беше. Целата џендер дебата, толку идеолошки потхранета, се чини дека го губи моментумот и привлечноста“, пишува швајцарскиот Ноје Цирхер Цајтунг. 

Ако во 2023 година, осум проценти од американските ученици се идентификувале како нон-бајнари, две години подоцна, бројот е паднат на 2%. Некаде е „само преполовен“.

„Бројките се во слободен пад меѓу младите луѓе“ вели британско-канадскиот политички аналитичар Ерик Кауфман' кој ги анализирал ваквите податоци во неговиот извештај „Падот на транс и квир идентитетот кај младите Американци“.

Очекувано, ваквите наоди на Кауфман беа дочекани на нож, се оценуваа како екстремно десничарски а колеги му наоѓаа методолошки забелешки. Сепак, неговите наоди беа поддржани и од лингвистот Џон Меквортер од Универзитто Колумбија кој пишува за Њујорк Тајмс, пренесува НЦЦ. Тој исто така регистрира обратни трендови од досега во „родово инклузивниот речник“.

И според податоците на професорката по психологија, Џин м. Твенге,  бројот на млади 18-22 кои се идентификуваат како трансродови е преполовен во 2024 година. Истото важи и за нон-бајнари лицата. 

Годината на раѓање се чини игра важна улога.

„Американците родени во раните 2.000 имаат повеќе шанси да се идентификуваат како трансџендери отколку оние родени пред или после тоа,“ забележува таа. 

30 јануари 2026 - 09:56