Патничкиот дневник на Епстин, кој сè уште е цензуриран, покажува над десетина летови до регионот во средината и крајот на 90-тите. Ова е временски период кога Епстин и неговите израелски партнери почнале да градат врски базирани на педофилија и сексуална трговија со луѓе со клучни инсајдери во Обединетите Нации.
Во текот на следните години, членовите на мрежата на Епстин заземале позиции во највисоките ешалони на Обединетите нации, пишува независната авторка Сибел Едмондс.
Досега, врз основа на педантно селектирани и контролирани документи објавени од страна на американската влада, именувани се тројца високи функционери на ОН: Мирослав Лајчак, Род Ларсен и Џоана Рубинштајн.
Краткиот список го прикажува само врвот на ледениот брег кога станува збор за глобалните операции на Епстин за трговија со деца и нивна сексуална злоупотреба.
„Токму затоа Министерството за правда на Трамп ги изоставува сите информации за жртвите на Епстин на Балканот, степенот на неговите врски со компромитираните функционери на ОН, високите функционери на Пентагон и најважниот временски период во неговите операции - 1997-2001 година“ пишува таа и вели дека следниот компромитирачки извештај за Епстин-Балканот е премолчен од меинстрим медиумите и познатите лица во САД.

Иако сериозно редактирани, досиејата покажуваат историја на плаќања извршени од Епстин на разни лица со презимиња карактеристични за Источна Европа. Според еден од документите од 2008-ма година, речиси две третини од жените жртви на трговија со луѓе за проституција низ целиот свет доаѓале од овој регион.
Меѓу земјите споменати како главни извори на трговија со жени се Албанија, Молдавија, Романија, Бугарија, Русија, Белорусија и Украина. Во документите се тврди дека ЈПМорган знаеле и имале докази дека Епстин плаќал жени помеѓу 2003 и 2008 година но банката со години продолжила да ги обработува таквите плаќања. Вкупниот износ достигнал речиси 3 милиони американски долари.
Сибел Едмондс се занимава и со контроверзната вмешаност на DynCorp, американски приватен воен контрактор кој имал милиониски договори со американската влада за обуки и други сервиси за мировниците на ОН во пост-воена Босна а подоцна работеле и во Албанија и Косово.
Вели дека за сексуалните скандали на ДајнКорп знаеле многу високи функциониери на ОН, меѓу кои и Жак Клајн, шефот на мисијата на ОН во Босна.
Дали знаевте дека повеќе од 3.000 педофили работеле во Обединетите нации? Дали знаевте дека се разоткри скандалот ОН-ДајнКорп, имало над 60.000 силувања извршени од персоналот на ОН низ целиот свет? Ендру Меклауд, кој беше шеф на операциите во Центарот за координација во итни случаи на ОН, рече дека „предаторските“ злоставувачи лесно доаѓале во контакт со ранливи жени и деца.
Само во 2024 година имало преку 100 случаи на силување и сексуална злоупотреба во мировните и политички мисии на Обединетите Нации во светот. 65 случаи биле обелоденети од жени кои родиле откако биле силувани па побарале детска помош.
Една од првите кои ги раскринкуваше овие мрежи беше американската адвокатка за човекови права, Катрин Болковац.
Две мировни мисии на ОН учествувале со 82% од 102-те обвинувања - Конго со 44 и Централноафриканската Република со 40. Сексуално вознемирување било пријавено и во мировните мисии на ОН од Јужен Судан до Либан, како и во политичките мисии во Хаити, Колумбија и Авганистан.
Анкета од 2024 година на 64.585 вработени во ОН покажа дека 3,65% - 2.360 вработени - рекле дека е прифатливо да се плати за секс. Близу 1% - 555 вработени - рекле дека „било прифатливо вклучување во сексуална активност со дете“.